„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
26.06.2026
Надлежно е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
2. Цели на предлог регулативата
Целта на предложените измени и дополнувања е подобрување на квалитетот, ефикасноста и правната прецизност на советодавниот систем во земјоделството и руралниот развој.
Со предложените законски решенија се обезбедува:
•јасно уредување на процесот на изготвување, спроведување и одобрување на програмите за основна обука со полагање на испит и континуирана обука на советниците;
•утврдување на соодветно ниво и носители на програмите за обука;
•подобрување на квалитетот на обуките и стручното усовршување на советниците;
•опфаќање на вработените во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со 180 ЕКТС кредити;
•усогласување на законските одредби со важечките институционални решенија и
•воспоставување механизми за спречување конфликт на интереси кај физичките лица – даватели на советодавни услуги.
•спречување на конфликт на интереси кај вработени во државните институции кои креираат политики, спроведуваат и контролираат