„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
25.03.2026
Надлежно е Министерство за здравство.
Цели на предлог регулативата Со измените и дополнувањата на Законот се обезбедува: 1. Воспоставување целосно електронско водење на медицинската документација – Сите индивидуални и збирни евиденции задолжително се водат во електронска форма преку Националниот систем. – Хартиени записи може да се користат само привремено, при прекин на системот, со задолжителен внес во рок од осум дена. 2. Регулирање на Електронско здравствено досие (ЕЗД) за секој пациент ЕЗД станува централен извор на сите здравствени податоци, вклучувајќи прегледи, резултати, упати, рецепти и телемедицински услуги. 3. Усогласување на терминологијата со европските стандарди