„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
19.03.2026
Надлежно е Министерство за труд и социјална политика.
2. Цели на предлог регулативата
Целта на предлог регулативата е да се унапреди системот на доброволно капитално финансирано пензиско осигурување преку воведување можност за формирање на повеќе инвестициски портфолија – растечко, балансирано и конзервативно портфолио, со различен степен на ризик во рамки на доброволниот пензиски фонд.
Со предложеното законско решение се овозможува слобода на избор на инвестициско портфолио од страна на членот, согласно неговата толеранција на ризик, со што се подобрува управувањето со ризикот, се зголемува транспарентноста и се поттикнува поголем интерес за учество во доброволните пензиски фондови.