„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за шумите

29.04.2025

 Надлежно е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 
Цели на предлог регулативата:

Националниот пропис е со висок степен на усогласеност. Одредени одредби не се транспонирани од причина што се однесуваат само на земјите – членки и ќе бидат транспонирани по пристапувањето на РСМ во ЕУ. Одредени одредби ќе бидат транспонирани со донесување подзаконски акти кои се предвидени во предлог – законот. Одредени одредби кои не се усогласени со регулативите ќе бидат усогласени со измена на законот во понапредна фаза од процесот на пристапување кон ЕУ како дел од преговорите за членство а некои одредби треба да се транспонираат во подзаконските акти.

 
Предлог законот е делумно усогласен со:
 

1. Регулативата 2023/1115 на Европскиот Парламент и на Советот од 31 Мај 2023 година за ставање на располагање на пазарот на Унијата и извозот од Унијата на одредени стоки и производи поврзани со уништување на шумите и деградација на шумите и укинување на Регулативата (ЕУ) бр. 995/2010.

 
Цел на регулативата :
 

Оваа регулатива ги утврдува правилата за пласирање на пазарот на Унијата и ставање достапни на пазарот на Унијата и извоз од Унијата релевантни производи наведени во Анекс I кои содржат релевантни стоки или се хранат со релевантни стоки или се произведени со употреба на релевантни стоки, т.е. говеда, какао, кафе, маслени палми, гума, соја и дрво, со цел:

 

а) минимизирање на придонесот на Унијата за уништување на шумите и деградација на шумите ширум светот и со тоа придонесува за намалување на глобалното уништување на шумите;

 
 

б) намалување на придонесот на Унијата за емисиите на стакленички гасови и глобалната загуба на биолошката разновидност.

 
 

2. Регулатива (ЕУ) 2018/841 на Европскиот парламент и на Советот од 30 мај 2018 година за вклучување на емисиите на стакленички гасови и отстранување од користење на земјиштето, промена на употребата на земјиштето и шумарство во климатската и енергетската рамка од 2030 година, и изменување и дополнување на Регулативата (ЕУ ) бр. 525/2013 и Одлука бр. 529/2013/ЕУ.

 
Цел на регулативата :
 

Оваа регулатива ги утврдува обврските на земјите-членки во однос на користењето на земјиштето, пренамена на земјиштето и шумарството

 

(„LULUCF“) кои придонесуваат за постигнување на целите од Парискиот договор и целта за намалување на емисиите на стакленички гасови

 

на Унијата за периодот од 2021 до 2030 година, како и правила за пресметување на емисиите и отстранувањата од секторот LULUCF и проверка

 
исполнување на овие обврски во земјите-членки.
 
 

3. Директивата 2006/123/ЕЗ на Европскиот Парламент и на Советот од 12 Декември 2006 за услугите на внатрешниот пазар.

 
Цел на регулативата :
 

Оваа директива ги утврдува општите одредби кои им олеснува на давателите на услуги да ја искористат деловната слободасоздавање и слободно движење на услуги со истовремено одржување високо ниво на квалитет на овие услуги.