„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
29.10.2026 - 15.11.2026 , Обука
Сала 1, 1-ви кат, Стопанска комора на Северна Македонија
Кога планирањето започнува само со избор на формат или со копирање на трендинг објава, лесно се губи врската со публиката и со конкретните бизнис цели на брендот. Правилното насочување на маркетинг активностите помага ефектот од комуникација со таргет публиката да биде многу поголем и оттука да води до подобри резултати. Воедни од тие цели Стопанската комора на Северна Македонија, на 16 ноември 2026 година ја организира обуката: „ОД ОБЈАВА ДО СТРАТЕГИЈА: КАКО ДА РАЗМИСЛУВАТЕ КАКО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГ“.
Обуката е наменета за маркетери, комуникациски професионалци, претприемачи и сите кои планираат или креираат содржина и сакаат појасно да ја поврзат својата работа со целите на брендот.
Како од „треба нешто да објавиме на Instagram“ да стасаме до јасна маркетинг стратегија? Обуката ги води учесниците низ клучните одлуки:
· Кому му се обраќаме?
· Која потреба ја адресирам?
· Што го издвојува брендот?
· Каков резултат сакаме да постигнеме?
· Кој формат е најсоодветен за да се пренесе одбраната порака?
Потоа следуваат изборот на канали, изработка и дефинирање на показатели за успех (KPI).
Затоа, оваа обука дава акцент на поставување на вистинските прашања и донесување одлуки врз основа на податоци, потреби и достапни ресурси.
Преку примери, дискусија и практични вежби, учесниците ќе работат на зададен бренд и постепено ќе ги поврзуваат елементите на стратегијата. Во завршната групна вежба ќе подготват концепт за маркетинг стратегија и ќе ги дефинираат приоритетите и првите чекори за нејзина реализација.
По завршување на обуката, учесниците ќе можат да дефинираат целна публика и персони, да формулираат позиционирање и мерливи цели, да изберат соодветни канали и содржински насоки и да постават KPI со кои ќе го следат развојот на својата содржина пласирана на дигитални медиуми.
Обуката е погодна за учесници со основно познавање на маркетингот, контент креатори, претприемачи со сопствени бизниси, лица одговорни за водење на социјални мрежи, без претходно искуство од процесот на развој на маркетинг стратегија.
I дел: Од барање за објава до разбирање на публиката
• Разлика помеѓу план на објави, маркетинг активација и маркетинг стратегија
• Зошто „треба нешто да објавиме на Instagram“ не е вистинскиот пристап?
• Дефинирање на целна публика, нејзини потреби и мотивации
• Анализа - Од податоци и набљудувања до корисен insight за публиката
• Практична вежба: Дефинирање на публика и insight за зададен бренд
II дел: Позиционирање и поставување јасни цели
• Позиционирање - Што го издвојува брендот и зошто публиката би го избрала?
• Дефинирање на клучни пораки
• Поврзување на комуникација на социјални мрежи со бизнис цели
• Практична вежба: Дефинирање на позиционирање и мерлива цел
III дел: Избор на канали, содржина и KPIs
• Пласман - Избор на канали според потреби на публика, цели и достапни ресурси
• Маркетинг инка - Улогата на каналите во различните фази од патот на купувачот
• Дефинирање на теми, формати и повици на акција според на содржина според зададена цел
• Избор на KPI: Што мериме и како знаеме дека има резултат?
• Практична вежба: Поврзување на цел, канал, содржина и KPI
IV дел: Практична вежба: Поставување на структура за маркетинг стратегија
• Поврзување на претходно совладаните чекори во еден концепт за стратегија
• Развој на акциски план: Приоритети, ресурси и први чекори
• Презентација на решенијата, фидбек и дискусија
Обуката се реализира во компјутерска лабораторија во Стопанската комора на Северна Македонија.
Ива Дујак Ѓурѓиќ е доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација во дигитален маркетинг. Основач и директор на маркетинг агенцијата MOVEMENT, маркетинг експерт со повеќе од 16 години работно искуство во развој на стратегии и кампањи за бројни интернационални и локални брендови.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работни материјали во електронска верзија;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.