„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
22.10.2026 - 02.11.2026 , Обука
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 1-ви спрат
Брзото и динамично бизнис опкружување во кое дигиталните технологии заземаат се поголем уддел во обавувањето на секојдневните задачи, ја наметнува потребата од нов сет на знаења и вештини кои ќе влијаат врз зголемување на продуктивноста и ефикасноста на вработените во остварувањето на секојдневните работни задачи.
Во насока на приближување на дигиталните вештини до секоја компанија, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Семос Едукација, на 3 и 4 ноември 2026 година ја организираат обуката: „CLAUDE FUNDAMENTALS: КАКО ДА ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ПРОДУКТИВНОСТА СО AI“
Оваа практична обука е наменета за деловни професионалци, административен персонал, вработени во продажба и маркетинг, HR професионалци, финансиски и сметководствени тимови како и корисници кои сакаат да ја интегрираат вештачката интелигенција во своите работни процеси.
Учесниците ќе научат како да формулираат јасни и ефективни барања, да подготвуваат мејлови и документи, да уредуваат и преведуваат текстови, како и да анализираат PDF, Word, Excel документи, да подготвуваат извештаи, објави, презентациски материјали и и слики. Обуката е приспособена за почетници и не бара техничко предзнаење. Секој учесник добива работни материјали, практични задачи и пристап до платен Claude профил за времетраењето на обуката, со што може практично да ги истражи релевантните функционалности на платформата.
Преку практични вежби, реални деловни сценарија и завршен мини-проект, учесниците ќе стекнат знаења кои можат веднаш да ги применат во својата работа. Целта е да научат како побрзо да подготвуваат квалитетни материјали, поефикасно да обработуваат информации и да го користат Claude како сигурен AI асистент за зголемување на продуктивноста.
Модул 1: Запознавање со Claude и неговите можности
Запознавање со AI асистентот Claude, неговите реални можности и начините на кои може да се користи во секојдневната работа. Регистрација, преглед на интерфејсот, отворање нов разговор, користење на историјата и прилагодување на основните поставки.
Модул 2: Пишување ефективни барања и промптови
Совладување на основните принципи за ефективна комуникација со Claude преку дефинирање конкретно барање, релевантен контекст, јасна цел и посакуван формат на одговорот. Итеративно подобрување на барањата и приспособување на резултатите според тонот, публиката и намената на содржината.
Модул 3: Подготовка на мејлови и деловна кореспонденција
Креирање формални и неформални мејлови, деловни дописи, покани, известувања и други форми на деловна комуникација. Приспособување на должината, структурата и тонот на пораката во зависност од целната публика и комуникациската цел.
Модул 4: Уредување, лектура и превод на текстови
Уредување и подобрување подолги текстови, CV, мотивациони писма, извештаи, објави и други работни материјали. Лектура, стилско подобрување, скратување и проширување на содржината, како и превод и приспособување на текстови од македонски на англиски јазик и обратно.
Модул 5: Анализа на PDF, Word, Excel документи и слики
Прикачување и анализа на различни видови документи и фајлови. Сумирање подолги документи, поставување насочени прашања врз основа на нивната содржина, извлекување клучни информации и споредување различни верзии на документи. Толкување табели, податоци и информации содржани во Excel документи и слики.
Користење на Claude за истражување теми, структурирање идеи, планирање задачи и подготовка на работни материјали. Практична употреба на Claude како личен асистент за учење, организација и поефикасно извршување на секојдневните обврски.
Модул 7: Користење на Projects и Artifacts
Користење на Projects како организиран работен простор за чување и структурирање информации, документи, инструкции и материјали поврзани со конкретна тема или проект. Креирање и уредување документи, табели, мини-алатки и презентациски материјали преку Artifacts.
Модул 8: Безбедна и одговорна употреба на AI
Проверка на факти, препознавање потенцијални неточности и критичко оценување на содржината генерирана со AI. Добри практики за заштита на чувствителни информации и одговорно користење на AI алатките во личен и деловен контекст.
Модул 9: Практични деловни сценарија и завршен мини-проект
Практична примена на наученото преку реални деловни сценарија. Учесниците ќе работат на конкретна задача, при што ќе го користат Claude за структурирање на барањето, обработка на информации и подготовка на готов работен материјал.
Што ќе научите?
По завршување на обуката, учесниците ќе можат да:
Љубомир Давитков, AI консултант, обучувач за практична примена на генеративна вештачка интелигенција и автоматизација и софтверски инжинер со меѓународно професионално искуство со практична примена на генеративната вештачка интелигенција во деловното работење. Неговата експертиза ги поврзува AI алатките, автоматизацијата на работните процеси, развојот на софтвер и дигитализацијата, со цел компаниите да ја подобрат продуктивноста и поефикасно да ги организираат секојдневните активности.
Покрај искуството како AI консултант и обучувач, Љубомир е коосновач и софтверски инженер во ИТ консултантска компанија која обезбедува имплементација и приспособување на Odoo ERP решенија, како и услуги за дигитализација. Во рамките на компанијата е вклучен во техничката имплементација на решенијата, деловната анализа, продажните активности и управувањето со партнерскиот процес со Odoo.
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 30.10.2026 година.