„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Конференција

4. Меѓународна конференција за логистика

05.10.2026 - 18.11.2026 , Конференција

Хотел „Hills“, Сараево, Босна и Херцеговина

Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, со задоволство ве поканува да земете учество на претстојната 4. Меѓународна конференција за логистика во Босна и Херцеговина, која ќе се одржи на 19 и 20 ноември 2026 година, во хотелот „Hills“ во Сараево.

По три успешно реализирани изданија, Меѓународната конференција за логистика повторно ќе ги обедини претставниците на деловната заедница, институциите и академската заедница, како и водечки домашни, регионални и меѓународни експерти од областа на логистиката, транспортот и управувањето со синџирите на снабдување.

Овогодишната конференција ќе биде посветена на актуелните трендови, предизвици и промени што ја обликуваат иднината на логистичкиот сектор. Преку стручни презентации, панел-дискусии и размена на искуства ќе се дискутира за:

  • дигиталната трансформација;
  • современите логистички операции и стратегии;
  • концептот Logistics 5.0;
  • зелената логистика;
  • синџирите на снабдување на денешницата и иднината;
  • урбаната логистика;
  • решенијата за последната милја.
Посебен фокус на конференцијата ќе биде ставен на поврзувањето на теоријата и практиката, преку заедничко разгледување на предизвиците со кои се соочува секторот и изнаоѓање конкретни и применливи решенија. Конференцијата ќе овозможи и размена на искуства и добри практики што можат да придонесат за создавање поефикасен, поодржлив и поконкурентен логистички сектор, како и отворање простор за нови идеи, партнерства и иницијативи.

Повеќе информации за програмата, учесниците и начинот на регистрација се достапни на официјалната веб-страница на Конференцијата: https://events.komorabih.ba/dogadjaj/cetvrta-medjunarodna-konferencija-logistike-u-bosni-i-hercegovini/ 

*Учеството на конференцијата изнесува 200 КМ. Во прилог ви ја доставуваме и понудата за спонзорство на претстојната конференција. За компаниите кои биле спонзори на претходните изданија, предвиден е попуст од 10% на спонзорските пакети.

 

Контакт лица:

Календар на настани

CLAUDE FUNDAMENTALS: КАКО ДА ЈА ЗГО...

29.09.2026 - 13.10.2026

BE • DO • HAVE – ТЕХНИКА ЗА 70% ПОГ...

22.09.2026 - 14.10.2026

POWER BI ВО ПРАКСА - ПОДАТОЦИТЕ ЗБО...

29.09.2026 - 15.10.2026