„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
07.04.2026 - 20.04.2026 , деловни средби
Стопанска комора на Северна Македонија, кат 5, сала 4
По повод работната посета на бизнис делегација од Република Казахстан предводена од министерот за трговија и интеграција на Република Казахстан, Арман Шакалиев, Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Центарот за развој на трговска политика „QazTrade“ и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, имаат чест да ве поканат да земете учество на претстојниот:
Бизнис форум и билатерални средби
меѓу компании од Северна Македонија и Казахстан
На настанот како дел од делегација ќе учествуваат компании од Република Казахстан од следните сектори:
· Трговија и извоз / надворешно-економски односи
· Инвестиции и туризам
· Градежништво и инфраструктура (патишта)
· Прехранбена индустрија (вклучувајќи готови производи и специјализирани продукти)
· Лесна индустрија и мода (облека, венчаници)
· Здравствени услуги (здравствени установи, медицински помагала)
· Металопреработувачка и машинска индустрија (цевки, индустриски котли)
· Енергетика и рударски сектор
· Земјоделство и агро-индустрија (вклучувајќи ѓубрива)
· Дрвна индустрија
· Печатарска индустрија
· Слободни економски зони и логистика
Бизнис форумот и билатералните средби претставуваат значајна можност за воспоставување нови деловни контакти, развој на партнерства, како и за идентификување на конкретни проекти и инвестиции од заеднички интерес, со цел унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Казахстан.