„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
03.03.2026 - 24.03.2026 , Обука
сала 3, 3 кат Стопанска комора на Северна Македонија
“LEAN” е често споменуван термин во денешно време, но пречесто се сретнуваат упатства кои сите компоненти на “LEAN” ги комплицираат или стигматизираат бесцелно. Дали сте спремни да ги примените во вашата компанија сите методологии и компоненти, врз основа на соодветно познавање на истите? “LEAN Management” е Дисциплина на управување на продукциски процеси. Веднаш да биде појасно – продукција не се однесува само на Производствените компании, секоја компанија има свој продукт кој може да биде:
- Материјален производ; или
- Услуга.
Компонентите на оваа Дисциплина на управување, во суштина се однесува на Хоризонталното управување. Секоја компонента (метод или техника) се однесува на подобрување, поедноставувавање и развивање на внатре-компаниските односи. Оваа Дисциплина е развиена во “TOYOTA” пред повеќе од еден век, а прифатаена е и применета од сите бранши и големи светски компании.
Сите компоненти, се однесуваат на сите вработени во компаниите, но одлучноста за примена зависи од високото раководство. Примената на сите компоненти мора да биде поддржана од лицата на раководните позиции, бидејќи целите на оваа Дисциплина се:
- Континуирано подобрување;
- Соодветност на компетенции (задоволство на вработените);
- Правовременост во функционирање на главните процеси;
- Усогласеност на начините за контролирање на квалитетот (на продукт и на процес);
- Задржување на фокусот на задоволството на клиентите;
- Одржување на профитабилноста на компанијата.
Сите наведени цели се дел од секоја компанија, а со соодветно разбирање и примена на “LEAN Management”, патот до остварување на овие цели – ќе се поедностави.
Со намера да понуди соодветни знаења за “LEAN Management”, Стопанската комора на Северна Македонија во периодот 25.03-01.04.2026 година организира обука на тема: “LEAN Managemant”, која ќе се фокусира на оваа важна тема за зајакнување на структурата на секоја организацијa. Обуката се реалира во 4 тренинг-денови со следната динамика:
· I ден 24.03.2026 година (среда)
· II ден 25.03.2026 година (четврток)
· III ден 31.03.2026 година (вторник)
· IV ден 01.04.2026 година (среда)
Обуката е наменета за сопственици, управители, високо и средно ниво на раководство, кои имаат одлучувачка и организациска улога за подобрување и оптимизирање на процесите, оперативните процедури и работните постапки .
· Соодветно запознавање со “LEAN Management”, Дисциплина која ги обединува методите “5(6)S, KAIZEN, Just-in-Time, 6Sigma, ….”
· Насочување кон вештини за подобрување на вклученост и ефективноста на работните тимови
· Потенцирање на јасноста и едноставната фокусираност кон решенија
· Соодветно оспособување за знаења од најуспешните светски примери, врз основа на долгогодишни докажани добри пракси
Ден 1 – 25.03.2026 (среда)
Сесија 2 – Континуирано подобрување
Сесија 4 - Основи за организација ориентирана кон Континуирано подобрување
Сесија 6 – Начин на примена
Сесија 8 – Одржување на задоволството на клиентите врз основа на задоволството на вработените
Докажана експертиза во водење на меѓуфункционални тимови, имплементирање на LEAN методологии и оптимизирање на перформансите преку OEE и KPI стратегии.
Силен комуникатор со GENBA-ориентиран начин на размислување, фокусиран на донесување одлуки засновани на факти, континуирано подобрување и практичен стил на лидерство.
- Костанца Мијалкова е докажан професионалец и практичар во областа на управување со човечки ресурси.
Дипломиран правник со положен правосуден испит, своето работно искуство го започнува како млад адвокат. Но, набрзо потоа навлегува во областа на менаџмент и ја продолжува својата кариера во оддел за човечки ресурси во интернационална компанија.
На чело на одделот за човечки ресурси останува цели 17 години сe до Декември 2021 година кога започнува самостојна кариера како Консултант за Менаџмент на човечки ресурси и сертифициран Бизнис партнер на престижната Академија за иновации во човечките ресурси (AIHR ) од Ротердам, Холандија. Во своето портфолио има клиенти- компании од различни индустрии.
Се истакнува по индивидуалниот пристап кон секој клиент и прилагодување на активностите за подобрување согласно исклучителните потреби на клиентот
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 19 март 2026 година.