„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

деловни средби

ПОКАНА ЗА НАСТАН | БИЗНИС ВМРЕЖУВАЊЕ - „LINKUP BUSINESS: ЈАПОНИЈА – СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

05.02.2026 - 13.02.2026 , деловни средби

Хотел „Holiday Inn” Скопје

Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Јапонија, ве поканува да земете учество на претстојниот настан за бизнис вмрежување „LINKUP BUSINESS: JAPAN – NORTH MACEDONIА“, на кој ќе бидат презентирани технолошките достигнувања и деловните активности на реномирани јапонски компании, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Настанот е предвиден да се реализира во три дела. Првиот дел е наменет за презентации на јапонските компании, со фокус на нивните активности во регионот и потенцијалниот деловен интерес во Македонија. Во овој дел, со свои презентации ќе се претстават:


Mitsubishi Corporation – Трговија и инвестиции
Takeda Pharmaceutical – Фармацевтска индустрија
ITOCHU Corporation – Глобална трговија и инвестиции
Hitachi Energy – Енергетски системи и инфраструктура
Marubeni Corporation – Инфраструктура, трговија и инвестиции
Nidec Mobility Corporation – Е-мобилност и автомобилска индустрија

Во вториот дел, преку панел-дискусија меѓу амбасадорката на Јапонија и претставници од македонски компании, ќе бидат споделени нивните долгогодишни искуства од деловната соработка со Јапонија и јапонски компании.

Третиот, и воедно главен дел од настанот, е наменет за вмрежување меѓу компании од Северна Македонија и Јапонија.

Настанот ќе се одржи на 11 март 2026 година (среда), со почеток во 13:30 часот, во хотел „Holiday Inn“ – Скопје.

Целта на настанот е да овозможи воспоставување нови деловни соработки, размена на искуства и знаења, како и можности за различни форми на партнерства од заеднички интерес за домашните и јапонските компании. Работен јазик на настанот е англиски.

Ве молиме вашето учество да го потврдите најдоцна до 7 март 2026 година, петок, со пополнување на пријавниот лист во прилог.


📞Тања Арабелска-Рафајловска: 02 3244-019 | 📧 Tanja.Arbelska@mchamber.mk