„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
19.11.2025 - 12.12.2025 , Webinar
Еднодневен „Он-лајн“
Во време кога цената на енергијата расте, а индустријата се соочува со сè построги барања за ефикасност, одржливост и усогласеност со глобалните стандарди, компаниите од сите сектори и индустрии се најдоа пред клучен предизвик:
Како да произведуваат повеќе, побрзо и поквалитетно – а да трошат помалку енергија и да имаат пониски трошоци?
Овој стандард не е само административна рамка – тоа е стратегија за контрола на енергетските процеси, подобрување на ефикасноста и директно намалување на трошоците. Компании кои веќе го примениле ISO 50001 пријавуваат намалување на енергетските трошоци од 8% до 30%, подобрена дисциплина во производството и значително поефикасно користење на опремата и ресурсите.
Овој специјализиран семинар е целосно прилагоден за потребите на современите фабрики – со реални, практични примери од автомобилската и други индустрии.
Учесниците ќе откријат каде се кријат најголемите енергетски загуби, како да ги дијагностицираат и како да ги претворат во узаштеда и подобрен систем на работа. За организации кои сакаат да бидат чекор пред конкуренцијата и да се усогласат со IATF 16949, Lean и ESG барањата – ISO 50001 е клучот до одржлив раст и мерливи резултати.
Целта на семинарот e учесниците на семинарот да се:
За кого е наменет семинарот?
Придобивки од учеството на семинарот :
АГЕНДА НА СЕМИНАРОТ 10:00 – 15:30
1. Вовед во ISO 50001 и целите на системот (30 мин)
2. Идентификација на потрошувачка на енергија и значајни процеси – SEU (45 мин)
3. Политика, цели и планови за подобрување (45 мин)
ПАУЗА ЗА РУЧЕК 12:00 – 12:30
Втор дел: 12:30 – 14:30
4. Енергетска базна линија и индикатори EnPI (45 мин)
5. Мониторинг, мерење и податоци (45 мин)
6. Документација и записи (30 мин)
КАФЕ ПАУЗА 14:30 – 14:45
7. Внатрешна проверка и сертификација (30 мин)
8. Практични мерки за подобрување (15 мин)
Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи, директор на PDCA KONSALTING, ДОО Нови Сад, водечки стручен консултант за проектирање и имплементација на ISO 9001:2015; ISO 45001:2018; ISO 14001:2015; ISO/IEC 27001:2013; ISO 20000-1:2018; ISO 22301:2012; ISO 31000:2018; ISO 37001:2016, ISO 50001; GDPR во повеќе организации во Србија, Црна Гора и БИХ, воедно и менаџер за проценка на ризик во работењето на основа на ISO 31000. Поседува 15 годишно искуство како директор на логистика во различни организации (Застава промет Сомбор – автомобилска индустрија), Генел – бренд Хаусел и застапник на Elektrolux, Zannusi, Indesit уреди за Србија, STAV – овластен дистрибутер Samsung за Србија и Црна Гора.
Акредитиран експерт - обучувач од PECB (Professional Evaluation and Certification Board, Canada) со повеќе од 200 обуки од областа на системи за управување, безбедност на информации, проценка на ризик и заштита на податоци, овластен консултант на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Deustche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ) и член на Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност (САМКБ).
Работен јазик: српски
За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:
- Линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisko;
- Електронски работен материјал;
- Електронски сертификат за присуство на семинарот;
Рок за пријавување: 10.12.2025 година.