„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ТЕХНИКИ ЗА НЕПАРИЧНА МОТИВАЦИЈА И АНГАЖИРАНОСТ НА ТИМОВИТЕ: КОУЧИНГОТ КАКО МЕНАЏЕРСКА АЛАТКА – 16.10.2025 година

24.09.2025 - 15.10.2025 , Обука

сала 1, 5-ти кат, Стопанска комора на Северна Македонија

 Колку често се соочувате со прашањето: “Што уште да направам за да ги мотивирам вработените?Факт е дека платата не може да се покачува неограничено и дека мотивацијата и ангажираноста не секогаш растат правопропорционално со растењето на финансиите. Се сложувате?

Една од најмоќните димензии на коучингот е токму способноста да се поттикнува внатрешната мотивација со фокус на значајноста на секој вработен. Преку коучинг пристапот, се работи на тоа сите во тимот да разберат како тие и нивната работа имаат смисла, вредност и влијание. Менаџерот кој користи коучинг пристап не дава одговори, туку води кон нив, поттикнува размислување, не контролира на микро ниво и најважно - ги гледа луѓето како сопственици на својот развој и верува во нивните внатрешни капацитети.

Значајноста се однесува на чувството дека секој вработен е вреден, најмногу како индивидуалец кој ги вложува своите уникатни компетенции во тимот. Според истражувањата на Зак Меркурио во неговата најнова книга “Моќта на значајноста – Тhe Power of Mattering” – за да ни биде работата значајна – најпрво треба ние да се чувствуваме значајно. Овие најнови техники ќе бидат дел од обуката, за примена веднаш во организациите учеснички.

Со намера овие концепти да се доближат до компаниите во земјата, Стопанската комора на Северна Македонија на 16.10.2025 година организира обука на тема:

Техники за непарична мотивација и ангажираност на тимовите:

Коучингот како менаџерска алатка

За кого е наменета обуката:

Обуката е наменета за сопственици, претставници на бизнис-заедницата од врвен менаџмент, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.

Придобивки од обуката:
Како резултат на обуката, учесниците:

·        Ќе научат зошто концептот на значајност е клучен за мотивацијата и анажираноста на секој вработен, преку поврзување на индивидуалната работа со пошироките цели

·        Ќе осознаат едноставни модели за коучинг стил на водење, кој поттикнува раст и иницијатива, за примена во секојдневната работа и водење на тимовите

·        Ќе стекнат алатки за отворен дијалог и активно слушање, за да го откријат и поттикнат внатрешниот мотиватор кај секој вработен.

·        Ќе ги освестат елементите на креирање култура на значајност, која влијае на повисока продуктивност.

ПРОГРАМА:
 
Сесија 1
  • Вовед
  • Нови модели за менаџмент и лидерство поврзани со промената на генерациите вработени
  • Зошто е клучно вработените да се чувствуваат значајно и кои се придибивките на лично и организациско ниво
Сесија 2
  • Елементи за мотивацијата – кога значајноста стапува на сцена како внатрешен непаричен мотиватор
  • Индивидуална самопроценка - прашалник
  • Техники за поттикнување на значајноста и ангажираноста на вработените
  • Вежба
 Сесија 3
  • Стилови на лидерство зависно од искуството на вработениот, според степен на зрелост / искуството
  • Примена на коучинг пристап за развој и ангажираност – моќта на прашањата и активното слушање
Сесија 4
  • Моделот ОSCAR за водење коучинг разговор со вработените
  • Вежба
 Предавачи:

- Наташа Ивановска е консултант за организациски развој, сертифициран бизнис коуч на Ерискон Коучинг колеџот од Канада и Нобл Менхетен колеџот од Англија, како и сертифициран Консултант за управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија. Од 2021 е сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Како дипломиран инженер-технолог завршила постипломски студии на Шефилд универзитетот – Сити Колеџ во Грција. Има над дваесет и пет годишно искуство во развој на бизнис низ управувањето со човечки ресурси. Од 2011 година е основач на Инсајт Груп, компанија за консалтинг за човечки ресурси, обуки и коучинг. Низ работата со компании во земјата и регионот, успева да придонесе во областа на планирање, развој и задржување на вработените, како клучен движечки ресурс на секоја компанија.

- Биљана Велевска раководи со Самеримпекс Импулси од 2000 година. Има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки. Биљана е магистар по Европски менаџмент (Europa Institute во Германија). Поседува сертификати за тренинг и коучинг од неколку светски методологии, со кои овозможува компаниите да ги најдат најдобрите решенија за деловен раст и развој. Од 2020 е сертифициран консултант за Управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија, а од 2021 е и сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Нејзиниот практичен пристап поттикнува оптимизација на ресурсите и примена на врвните алатки и методологии на кои се базирани развојните програми.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:   

•    работни материјали во електронска верзија;

•    ручек и освежување

•    сертификат за учество на обуката.            

 
Сите заинтересирани за учество може да се пријават најдоцна до 13.10.2025 година. Местата се ограничени, а принципот на пријавување е прв пријавен-прв услужен.

Контакт лица:

 м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk                                                        

              

м-р Елизабета А. Ефтимова                                                   

Телефон: 02 32 44 074