„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
04.09.2025 - 24.09.2025 , Семинар
сала 4, 5-ти кат
Еднодневен семинар на тема:
ОД РЕГУЛАТИВА ДО ПРЕДНОСТ: КАКО CSRD И ESRS ЈА ОБЛИКУВААТ ИДНИНАТА НА СЕКОЈА КОМПАНИЈА
„Нови правила, нови можности – подгответе ја вашата компанија за предизвиците што доаѓаат!“
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Северна Македонија сала 4, 5-ти кат
Со усвојувањето на CSRD (Corporate Sustainability Reporting Directive) и ESRS (European Sustainability Reporting Standards), Европската Унија воспоставува нов регулаторен пејзаж кој ги засега сите компании – од големите корпорации до мали и микро компании. За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 29 септември 2025 година организира еднодневен семинар на тема:ОД РЕГУЛАТИВА ДО ПРЕДНОСТ: КАКО CSRD И ESRS ЈА ОБЛИКУВААТ ИДНИНАТА НА СЕКОЈА КОМПАНИЈА, каде учесниците ќе добијат јасна слика за: кои се обврските и временските рамки за компаниите; како се применуваат стандардите во големи, мали и микро компании; какви се практичните импликации од регулативата; како новите регулативи ќе влијаат врз вашата компанија; конкретни чекори за усогласување со CSRD и ESRS; зошто раната подготовка носи предност пред конкуренцијата; како извештаите за одржливост стануваат алатка за инвеститори, банки и партнери како CSRD и ESRS можат да се претворат во конкурентска предност преку: полесен пристап до финансии, подобро управување со ризици и зголемена транспарентност и доверба.
Зошто е важно да се пријавите?
Модул 1: Вовед во Известувањето за Одржливост
Модул 2: CSRD – Опфат, Временски Рамки и Применливост
Пауза за ручек и освежување – 11:00-11:30
Модул 3: Разбирање на ESRS – Стандардите за Известување
Модул 4: Импликации за МСП и Мали Компании
Модул 5: Практични насоки за имплементација и Sustainability Модел за Оценување
Симеон Шумански е единствениот во Македонија со престижниот сертификат GRI Certified ESRS Sustainability Professional. Поседува меѓународни сертификати CIA и CFSA од IIA, а зад себе има повеќегодишно искуство во ревизија, финансии, управување со ризици и корпоративно управување, стекнато во KPMG, NLB Банка, ПроКредит Банка и Стопанска Банка АД Скопје.
Автор е на ASEE Group Sustainability Report 2024 според ESRS, објавен на Варшавска берза, за една од водечките IT компании во Европа со над 60 компании во 26 земји. Во моментов ја извршува функцијата Group Internal Audit Manager во ASEE Group.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
Семинарот ќе биде во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Тренерот на семинарот користи повеќе методи за пренесување на информациите (предавање, интерактивност, примери од пракса), со што ја зголемува продуктивноста на пренсување на информациите и успешно стекнување на знаењата и личните перформанси кај учесниците.
Секој учесник добива електронски работен материјал и сертификат за присуство;
За време на паузата учесниците добиваат ручек, кафе и освежување;
Котизацијата за еднодневниот семинар по учесник изнесува изнесува 5.310 денари (4.500 ден. + 18% ДДВ) за членки на Комората и 5.900 денари ( 5.000 ден. + 18% ДДВ) за не-членки на Комората.
Доколку се пријават три или четири учесника од иста компанија цената на котизација е со 10% попуст за сите учеснци и ако се 5 или повеќе учесници од иста компанија е со 20% за сите учеснци.