„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

05.05.2025 - 11.06.2025 , Обука

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 

Која е основната цел на Академијата?

 

За кого е намената Академијата?

Основната цел на Академијата за менаџерски вештини е на своите учесници да им се овозможи добивање избалансирани информации за практични и за теоретски знаења и тоа на начин кој е најприфатлив за усвојување на материјата, а наедно да им помогне, по завршување на Академијата, менаџерската позиција да ја извршуваат многу поедноставно и поефикасно и со значително подобри резултати

 

Академијата е наменета за сите вработени на кои во секојдневното работење им е доделена задача да ги организираат работата и работните задачи, да менаџираат со други вработени, да водат проекти и да преземат одговорност за постигнување резултати и материјални средства, т.е за сите директори, управители, менаџери, раководители, тим-лидери и други за кои е од интерес оваа академија.

 
 

По завршувањето на Академијата учесниците ќе се стекнат со следниве вештини:

Придобивки од стекнатите вештини

  • Совладување на сите клучни предизвици за кариерно напредување во менаџер
  • Унапредување на своите менаџерски вештини
  • Лесно препознавање на потенцијалот кај новите соработници
  • Усвојување на вештините кај новите соработници
  • Совладување ефикасни техники за мотивација на соработниците
  • Успешно водење проекти
  • Самостојно креирање одредени стандарди и процедури за работа со своите соработници
  • Зголемување на позитивното влијание врз своите соработници и бизнис-партнери
  • Правилно балансирање меѓу работните и приватните одговорности
  • Унапредување на емоционалната интелигенција
  • Лесно препознавање на можностите за кризна ситуација и стекнување ефикасни алатки за нејзино отстранување
  • Ефикасна комуникација со другите вработени и менаџери, како и со неформалното бизнис-опкружување и
  • Усвојување докажани принципи за успешно работење. 
  • Практични знаења и вештини
  • Секој учесник добива работни материјали во електронска форма за следење на целокупната програма на Академијата и пропратни материјали.
  • Модулите се интерактивни со теоретски и практични предавања, вежби, решавање зададени ситуации, студии на случај итн.
  • Академијата трае 3 дена со предавања во Комората од 10:00 до 16:15 часот, започнувајќи на 9, 10 и 11 јуни 2025 година. Местата се ограничени.
  • Секој учесник добива кафе, ручек и освежување за време на паузите
  • Цена на котизацијата изнесува 23.423 денари (19.850+18%ДДВ) за сите 12 модули (3 дена предавања)
  • Учесниците добиваат диплома/сертификат од Академијата за менаџерски вештини, студиска програма Ефикасен менаџер – патот на трансформација и стратегиска подготовка.
  • Краен рок на пријавување е 3 јуни 2025 година.
  • Работен јазик и материјали: српски јазик
 
ПРОГРАМА
 
Прв ден

9 јуни 2025 година - понеделник

Модул 1 – Патот на трансформацијата од извршител до менаџер

  • Запознавање со агендата и со целите на Академијата
  • Патот на трансформацијата – предизвици и замки
  • Како извршителот во нас го кочи менаџерот?
  • Пет клучни функции на секој менаџер
  • Нивото на менаџментот и неговите цели

Модул 2 – Запознајте се себеси – секоја промена е внатрешна и надворешна

  • Што ме поттикнува мене за промена?
  • Како влијае емоционалната интелигенција врз успехот и врз однесувањето на менаџерот?
  • Потребна е промена во концептот менаџер
  • Вистини и заблуди во менаџментот
Втор ден

10 јуни 2025 година - вторник

Модул 5 – Одбирање вистински луѓе – клучна претпоставка за успех

  • Најдобрите компании имаат најдобри луѓе околу себе
  • Како да препознаете и да ангажирате одлични соработници?
  • Алати и препораки за успешна и за ефикасна селекција
  • Кого и кога да ангажирате и зошто?
  • Какви очекувања има Z GEN?
Модул 6 – Успешна тимска комуникација
  • Како да се креира тимска доверба?
  • Несогласувања и конфликти во тимот
  • Разбирање на потребите и на перцепцијата во тимот
  • Креирање стандарди за тимска комуникација и за водење во тимот
  • Како успешно да се усмерат и водат припадниците на Z GEN?

Модул 7 – Делегирање задачи како клучна менаџерска алатка

  • Што сѐ претставува делегирањето и како влијае врз ефикасноста на тимот?
  • Што го спречува менаџерот да делегира?
  • Неопходни чекори при делегирањето
  • Техники за успешно делегирање на задачите

Модул 8 – Управување со сопственото време, со тимот и со пазарот

  • Контрола на времето како претпоставка за ефикасност
  • Замки на менаџерот при управувањето со времето
  • Практични техники за подобра организација и за контрола на времето
  • Пишување извештаи како претпоставка за подобра организација
  • Управување со пазарот и со продажната мрежа/територија
Трет ден

11 јуни 2025 година - среда

Модул 9 – Како ефикасно да се мотивира тимот?
  • Разбирање на клучните психолошки потреби и како му служат тие на лидерот како алатка за мотивација
  • Деветнаесет практични, немерливи техники за мотивација
  • Клучни фактори за мотивација
  • Критика која не демотивира, туку која охрабрува – вештина на правилно упатување критика

Модул 10 – Тимските состаноци како ефикасна алатка за успешно лидерство

  • Видови состаноци и нивните цели
  • Активности што се спроведуваат пред состанокот
  • Техники за успешно водење на состанокот со тимот
  • Кои активности се преземаат по завршувањето на состанокот?
 
Модул 11 – Следење и мерење на резултатите
  • Квалитативни стандарди на ефектот
  • Квантитативни стандарди на ефектот
  • Техники за оценување на ефектот
  • Препреки при следењето и при оценувањето на резултатите
Модул 12 – Од менаџер до лидер
  • Клучни карактеристики на вистинскиот лидер
  • Што работи лидерот, а што менаџерот?
  • Лидерски стилови – стилови на лидер
  • Нови лидери за нови области
 
 

Тренер/предавач на Академијата за менаџерски вештини

 

Драгиша Ристовски (D.R Gilbert), со повеќе од 25-годишно практично работно искуство на различни позиции – од комерцијалист на терен до директор. Како тренер за работни вештини почнува да работи од пред 15 години, а денес е експерт за директна продажба, преговарање, мотивација на вработените и за лидерство. Автор е на 15 книги, меѓу кои бестселерите „Губат само оние кои не играат“ и „Арена за продажба“, објавени под псевдонимот D.R Gilbert. Подоцна следуваат книгите „Добиваат сите оние кои играат“, „Лидерот е во вас“, „Продажен ринг“, „Мапа на успехот“, „Вештина на влијанија“, „Како да ги унапредите своите преговарачки вештини“, „Како да станете ефикасен менаџер за продажба“, „101 техника за влијание“, „21 зошто и само едно како“, „Арена на продажба на 21 век“, „Добар говор вреди повеќе од 1000 зборови“, „Лидерски исчекор во иднината“ и „Еден повик менува сѐ“. Во работните кругови е познат како енергичен предавач, кој на своите семинари и тренинзи со својата позитивна енергија постојано го задржува вниманието и ги мотивира слушателите.

Основач е и директор на D.R Gilbert Centar Group DOO D.R Gilbert Consulting и HR Professional Solution. Постојано работи на унапредување на продажбата во повеќе реномирани компании низ регионот. Во текот на својата кариера одржал повеќе од 3.000 семинари, тренинзи и предавања во сите поранешни југословенски републики, на кои учествувале повеќе од 60.000 слушатели, и тоа од повеќе од 1.500 компании: Банка „Интеса“, „Хемофарм“, „Coca Cola“, „Hellenic“, „Ерсте банка“, „Бош“, „Триглав“, „Перутнина“ – Птуј, „Фиат“, „ДМ“ и Дрогерија „Lilly“, „Галеника“, „Неопланта“, „Меркур“ и уште многу други банки, осигурителни и производствени компании, дистрибутивни центри и др.

Од 2011 година соработува и со Мокрогорската школа за менаџмент и држи обуки за продажни вештини. Активно е гостин на многу познати светски предавања и конференции.


Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074