Инвестирање во нови технологии за поголема конкурентност на „Раде Кончар ТЕП“
➢ Актуелно (28.09.2020)
👁 Прочитано: 1965



Инвестирање во нови технологии за поголема конкурентност на   „Раде Кончар ТЕП“

Стопанската комора на Македонија реализира посета во фабриката за производство на трансформатори и нисконапонска опрема, „Раде Кончар ТЕП“, во рамките на проектот за Смарт-специјализација. На средбата со директорот м-р  Горан Антески се разговоараше за предизвиците кои фабриката ги има во работењето во услови на криза. Успешноста во справувањето со кризата се согледува во нивно инвестирање во технологии кои ќе го подобрат квалитетот на нивниот производ и ќе го олеснат освојувањето на нови пазари.

Компанијата нуди комплетни решенија од областа на генерирањето и дистрибуцијата на електричната енергија, како и специјализирани решенија за индивидуални барања на клиентите. Технички оддели постојано работат на подобрување и усовршување на функционалноста, квалитетот и изгледот на производите.


Производната програма на „Раде Кончар ТЕП“ се состои од:

• дистрибутивни маслени трансформатори до 1600kVA;

• високонапонски постројки за напонско ниво до 110kV;

•  компактни бетонски трафостаници за напон 20-10/0,4kV за снага на трансформатор 1250kVA;

•сите видови мерно разводни, приклучни, кабелски разводни ормари, нисконапонски разводни табли за дистрибутивните мрежи во „ЕВН Македонија“;

•нисконапонски командни, разводни табли и ормари за потребите од индустријата;

•управувачки пултови за процеси во индустријата;

•изработка на комплетни проекти, монтажа, испитување и пуштање во работа на нисконапонски, среднонапонски и високонапонски комплексни објекти.

Постојаното инвестирање во истражување и развој е суштински дел од поддржување на иновативната и развојна економија, која помага во одржување на работни места со висока вредност и помага во привлекување нови бизнис можности и талентирани кадри.

Перо Авакумовски
советник во Стопанска комора на Македонија