Користење на јавниот превоз во земји-членки на ЕУ
👁 Прочитано: 956



Користење на јавниот превоз во земји-членки на ЕУ

Јавниот превоз е добар начин да се намалат емисиите на штетни гасови, како и метежот во урбаните средини, особено ако превозните средства користат алтернативни, почисти горива. Европската комисија силно ја охрабрува употребата на јавен превоз што може да го користи секое лице кое  живее или работи во град. На пример, паркирање на автомобилот надвор од центарот на градот, односно на железничка или на автобуска станица. За да се постигнат климатските цели, сообраќајот со автомобили во Европската унија мора значително да се намали.

Превозот со воз, трамвај и автобус најмногу се користи во Чешка, споредбено со другите земји на Европската унија, пренесува австриската организација за прашањата за транспорт – ВЦО.

Според Европската комисија, која се повикува на истражувањето на ВЦО, Австрија се наоѓа на второто место, пред Унгарија, додека Хрватска е дури 25-та.

Во Чешка, едно лице со трите наведени превозни средства годишно во просек патува 3.670 километри, додека во Австрија таа бројка изнесува 3.500 километри.

Во Австрија, од друга страна, едно лице се вози со автомобил 8.900 километри годишно. Поради заштитата на животната средина, се предлагаат стимулации луѓето повеќе да користат јавен превоз, а помалку автомобили.

На трето место по бројот на километри поминати со воз, трамвај и автобус годишно се Унгарците. Жителите на оваа земја годишно во јавниот транспорт минуваат 3.000 километри. Словенија е позиционирана на 15-то место со 2.080 километри, додека Хрватска е 25-та со 1.270 километри.

Од Хрватска полошо позиционирани се само Малта со 1.150 километри и Литванија со 1.140 километри.

Служба за информирање при Комората