Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО КРИЗНАТА 2020 ГОДИНА
➢ Актуелно (22.10.2020)
👁 Прочитано: 2695


Предизвици во време на пандемија, јавни набавки во услови на намалување на буџетите, примена на Законот за јавни набавки, поништени и обжалени постапки – кои се најчести грешки и причини и како истите да се надминат?
Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО КРИЗНАТА 2020 ГОДИНА

Со оглед на тоа дека во 2020 година јавните институции и компаниите се соочија со низа предизвици кои во значителна мера влијаеа врз процесот на спроведување на јавните набавки, Стопанската комора на Македонија на 21 октомври 2020 година за сите договорни органи (набавувачи) и економски оператори (понудувачи) го организираше „oнлајн“ семинарот на тема: „Јавните набавки во кризната 2020 година“.          

Целта на семинарот беше набавувачите и понудувачите да разменат искуства од досегашната примена на Законот, детално да се разработат одредени специфики со цел успешно спроведување на постапките за набавка на квалитетни стоки и услуги, со крајна цел добивање на најдобрата вредност за вложените пари и задоволување на својте потреби,  дополнително учесниците научија и како да ги воочат најчестите пропусти и грешки кои ги прават понудувачите при подготвување и поднесување на квалитетни понуди.

Предавачи на семинарот беа изготвувачите на Законот за јавни набавки, а воедно и експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки (БЈН): Марија Јованоска, раководител на сектор во БЈН и Горан Давидовски, помошник раководител на сектор во БЈН.

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
советник во Стопанска комора на Македонија