КАКО ВОЗОВИТЕ НА ВИЕНСКОТО МЕТРО ПРОИЗВЕДУВААТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
👁 Прочитано: 2098



КАКО ВОЗОВИТЕ НА ВИЕНСКОТО МЕТРО ПРОИЗВЕДУВААТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Возовите при сопирање и влегување во станица ослободуваат енергија. Виенската компанија за јавен превоз Wiener Linien смисли систем преку кој ослободената енергија ја претвара во рециклирана електрична енергија за напојување на ескалатори, лифтови и осветлување.

Приоритет на системот претставува, се разбира, размена на енергија за сопирање помеѓу самите возови, меѓутоа доколку тој проток, поради преголем временски размак помеѓу линиите или некоја друга причина не е можен, тогаш енергијата се пренасочува на снабдување од други системи во метрото.

Во Виена, во моментов има две подземни станици опфатени со овој проект. Пресметките покажуваат дека тие два системи годишно можат да рециклираат до 3 GWh електрична енергија, што одговара на потрошувачката од 720 домаќинства и заштедува од 400 тони CO2 емисии.

„Ние секогаш сме во потрага по нови начини за заштита на климата. Затоа, од јануари 2020 година набавуваме само електрична енергија со нулта емисија CO2 што е целосно добиена од обновливи извори на енергија во Австрија“, објасни извршниот директор на Wiener Linien, Гинтер Штајнбауер.

Пилот проектот Brake Energy започна во 2018 година на само една метро станица, оваа година е воспоставен на друга, а во иднина се планирани уште четири вакви постројки.

Превземено од: Денар.мк

Служба за информирање при Комората