ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТА



Со членoт 1 од Предлогот-законот се врши ослободување од данокот на додадена вреднсот за прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисници како и прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисници кој се плаќа со финансиски средства од примени донации, а со цел справување со Коронавирусот COVID-19.

Со членот 2  се пропишува дополнителна повластена даночна стапка од 10%.

Со членот 3 од Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се пропишува повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Со членот 4 се пропишува повластена даночна стапка од 10% за предавањето на храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци. Владата на Република Северна Македонија поблиску ги определува наведените услуги со повластена даночна стапка од 10% на данокот на додадена вредност.

Со членот 5 од Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се пропишува за даночниот обврзник-приматели на прометот на добра и услуги за кој е даночен должник согласно членот 32-а од ЗДДВ, се пропишува обврска да изготви извештај за примени промети од членот 32-а од ЗДДВ, и истиот го доставува заедно со даночната пријава до надлежниот даночен орган.

Со членот 6 од Предлогот на законот се врши одложување на обврската за плаќање на данокот на додадена вредност за дополнителни 5 дена по истекот на роковите во кои се поднесува даночната пријава.

Со членот 7 се пропишува одредба според која разликата на данокот нема да им се врати на даночните обврзници кои во даночната пријава искажале барање за отстапување на разликата за данокот за намирување на даночни обврски на друг даночен обврзник. Доколку разликата на данокот притоа е поголема од износот кој се користи за намирување на даночни обврски на друг даночен обврзник, остатокот ќе се врати на даночниот обврзник. Барањето за отстапување на разликата на данок не може да се  користи доколку даночниот обврзник има долгови по други јавни давачки.

Со членот 8 од Предлогот на законот се дава можност даночните обврзници фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма (pdf или друг електронски формат). Ова е со цел да се олесни работењето на даночните обврзници, како и да се спречи користењето на хартија со цел намалување на ризикот од ширење на Коронавирусот COVID-19.

Со членовите 9 и 10 се регулира започнувањето на примената и траењето на примената на одредбите на овој закон. При тоа, се уредува дека одредбите на членот 1, член 6  и член 8 од овој Предлог-закон ќе се применуваат до 31 декември 2021 година. Одредбите на членот 2, членот 3, членoт  4, членот 5 и членот 7  од овој Предлог-закон ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2021 година.

 

 

 

 

 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје