ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19, „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 254 ОД 22.10.2020 ГОДИНА



Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 октомври 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 

Член 1

Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20, 109/20, 119/20, 123/20, 125/20, 126/20, 134/20, 136/20, 140/20, 147/20, 153/20, 154/20, 156/20, 157/20, 163/20, 166/20, 169/20, 170/20, 175/20, 180/20, 181/20, 185/20, 190/20, 195/20, 201/20, 204/20, 208/20, 212/20, 215/20, 217/20, 226/20, 229/20, 235/20, 236/20, 240/20, 242/20, 247/20 и 252/20), во член 1, став 1, во точката 1, во ставот 15, Прилогот број 51 - План за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, се менува со нов Прилог број 51, коj е даден во прилог и е составен дел на оваа одлука.

Во точката 14 став 3, Прилогот број 36 - Протокол за вршење на меѓународен превоз од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, се менува со нов Прилог број 36 ¹, коj е даден во прилог и е составен дел на оваа одлука.

Во точката 27, по ставот 1 ² се додава нов став 2 кој гласи:
„Исклучок од став 1 на оваа точка се угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.“ 

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2147/47

Претседател на Владата

22 октомври 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Зоран Заев, с.р.

 

¹ Прилог број 36

ПРОТОКОЛ ЗА ВРШЕЊЕ
НА МЕЃУНАРОДЕН ПРЕВОЗ 

1. Задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот/ите.

2. Возачот е одделен од делот за патници со физичка преграда (врата или преграда од плексиглас во висина над главата.

3. На автобуските станици да се означат/обележат точки за патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата.

4. Исполнетост на возилото со патници до максимум 50% од вкупниот капацитет.

5. Регулирано движење на патниците (влез-излез на посебна врата).

6. Обезбедување на редовна контрола за почитување на овие мерки.

7. Поставено средство за дезинфекција на раце на влезните врати.

8. Поставен на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.

9. Се забранува јадење, пиење, грицкање во возилата.

10. Обезбедување на корпа за отпадоци со пластична кеса и капак која ќе се празни после секоја тура.

11. Тоалетот редовно да се чисти и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит за што ќе се води редовна дневна евиденција. Во тоалетот задолжително да има средство за дезинфекција на рацете.

12. По завршување на турата задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. За извршената дезинфекција да се води редовна дневна евиденција.

 

² Точка 27, став 1 од Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, гласи:

„Се ограничува работното време до 23 часот на угостителските објекти наведени во член 1, точка 9, став 3, точка 16, став 2 и точка 17 ставови 1 и 2 од оваа одлука, а угостителските објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да работат без посета на посетители - гости во објектите и да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт).“

 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје