„Икс Софт“ – КЛИЕНТИТЕ СЕКОГАШ НА ПРВО МЕСТО
👁 Прочитано: 5464



„Икс Софт“ – КЛИЕНТИТЕ СЕКОГАШ НА ПРВО МЕСТО

„Икс Софт“ (http://www.xsoft.mk/) е софтверска компанија со повеќе од 10 години искуство во развој на веб-ориентирани софтверски решенија, решенија развиени според потребите на клиентите.

-Една од целите на компанијата е да им обезбеди на своите клиенти софтвер кој ќе ги поедностави бизнис-процесите во нивните компании, ќе ги подобри внатрешните комуникации и ќе им ја зголеми продуктивноста, - посочи Игор Крстев, генерален менаџер на компанијата, при посетата и разговорот со Лазо Ангелевски, задолжен за работата на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија.

„Икс Софт“ е компанија која знае како да ги сослуша потребите на своите клиенти. За таа цел ја разви и иновативната платформа ВЕБСТРИАН (http://www.webstrian.mk/). Вебстриан е „онлајн“ платформа преку која компаниите и физичките лица можат брзо и едноставно да дојдат до професионален веб-сајт за само неколку минути.

Целта на Вебстриан е максимално да го поедностави и забрза процесот на креирање и уредување на веб-сајт. Корисниците бираат дизајн за својот веб-сајт и се регистрираат на Вебстриан и веднаш по регистрацијата нивниот веб-сајт е „онлајн“ и достапен на интернет. Потоа, за кратко време тие можат самостојно да го уредат својот веб-сајт, односно да постават текст и фотографии. Уредувањето на веб-сајтот е едноставно и не побарува претходни технички предзнаења.

Дополнителна предност на Вебстриан е што со оваа услуга корисниците добиваат сѐ на едно место. Вебстриан нуди бесплатен хостинг, како и бесплатен под-домен доколку корисниците немаат сопствен домен. Услугата вклучува и постојана техничка поддршка, како и постојани технички надградби на платформата со што истата ќе биде постојано ажурирана и ќе биде во тек со најновите верзии на интернет-пребарувачите. Брзината и стабилноста на веб-сајтовите креирани на Вебстриан се една од главните придобивки.

За неколку години постоење на пазарот, Вебстриан го користат над 170 македонски компании и оваа бројка постојано расте. Во моментов се изработуваат нови функционалности и можности на Вебстриан, а една од клучните е функцијата „е-комерц“. Главната цел на оваа можност е да ги задоволи потребите на клиентите за „онлајн“-продажба. Целта на развојот е да се понуди пошироко портфолио на услуги за да се зацврсти позицијата на Вебстриан на пазарот, како и неговата конкурентност.

„Икс Софт“ како компанија ќе продолжи да развива софтверски решенија и услуги кои ќе ги поедноставуваат бизнис-процесите и притоа ќе ја зголемуваат продуктивноста, ставајќи ги потребите на клиентите секогаш на прво место.

Лазо Ангелевски