ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
09.10.2019 👁 Прочитано: 118

ПОТРЕБНИ СЕ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ И РАМНОМЕРНА ПОДРШКА ВО ТУРИЗМОТ


Претставници на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија остварија работна средба со директорот на  Агенцијата за промоција и подршка на туризмот Љупчо Јанвески.

Предмет на состанокот беа повеќе прашања од интерес за бизнис секторот согласно политиката за подршка и промоција на државата на оваа услужна дејност и ингеренциите кои ги има АППТ. Членките на Здружението бараат поактивна комуникација и почести средби со Агенцијата, активно учество и расправа при носење на Програмата за промоција и подршка на туризмот која секоја година има слични ставки и содржини и покрај барањата за промена на дел од нив.

Компаниите бараат промена на моделот на субвенционирање на дејноста, согласно кој освен странските Тур оператори да се подржат и домашните, како и угостителите (рестораните и хотелите) во земјата. Саемскиот настап на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, да се промени и да се промовира туризмот само на неколку саеми годишно за кои ќе се постигне концензус дека има ефект за промоција и претставување на земјата како туристичка дестинација.

Туристичките работници преку Агенцијата иницираат да се создадат услови и да се реализираат капитални инвестиции во одредени региони, што ќе ги направи атрактивни за туристите, а угостителите и туристичките работници ќе го најдат интересот и начинот како да привлечат гости.

Беше побарано да се даде отчет за ефектите од субвенционирањето на странски туристи и за настап на саемски манифестации, колку средствата кој се користат од Буџетот имаат ефект над угостителскиот сегмент од вака дефинирана подршка.

Вака конципиран настап резултира со фактот дека согласно статистиката и покрај континуираната државна подршка, изостануваат поголеми позитивни ефекти пред се во угостителството, односно не расте квалитетот на услугите. Статистиката покажува дека при раст на бројот на туристи, расте и интересот за престој во хотели со повисоки звезди (4 и 5), но при тоа цената за ноќевање останува непроменета односно се намалува. Последните години во просек изнесува околу 720 денари. Тоа ги тера угостителите да бараат промена на моделот на подршка и субвеницонирање на дејноста.

Директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот Љупчо Јаневски, информираше дека се прават статистики и анализи но само за неколку години наназад за колку што постои документација. Најави дека ќе следува промена на моделот на субвенционирање, за што треба да се отвори и дискусија и дебата меѓу бизнис секторот и владините институции.

Даниела Михајловска Василевска

ПОТРЕБНИ СЕ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ И РАМНОМЕРНА ПОДРШКА ВО ТУРИЗМОТ