ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Порака од еснафот
04.09.2019 👁 Прочитано: 533

ПРИЛЕП БАРА РЕШЕНИЕ ЗА НЕДОСТИГОТ НА РАБОТНА СИЛА


Ирена Јакимовска, претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп при Стопанската комора на Македонија и сопственик на компанијата „Комфи Ангел“ на првата седница на Економскиот совет на градот

Најголемиот проблем за стопанството е недостигот на работна сила, и тоа во услови кога во Агенцијата за вработување има 6.964 активни баратели на работа. Членките на Регионалната комора со седиште во Прилеп почнуваат сами да ги интервјуираат барателите на работа зошто се одбива работна позиција, во услови кога се пријавени како активни баратели.

Ова е проблем со кој прилепското стопанство се соочува подолг временски период. Немаме реална претстава која е понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Регионалната канцеларија се обрати до Агенцијата за вработување за да го дознае бројот на активните баратели на работа. Бројката е 6.964 активни баратели на пазарот на трудот, а од друга страна стопанството се соочува со неможност да најде работна рака. Се наоѓа само мал број. Тие активно се пријавуваат секој месец во Агенцијата, што значи дека се во земјава.

Ваквата ситуација неминовно бара приоритетно да се прочешла списокот за да се види реалната состојба – колкава е побарувачката на работната сила во нашиот град и која е понудата. Потоа ќе спроведеме конкретни мерки за надминување за недостатокот од работна сила што ќе ни биде потребна во наредниот период од пет години за да се реализираат бизнис плановите на стопанството.

Регионалната комора со седиште во Прилеп почна да ги собира и да ги анализира потребите на прилепското стопанство и со Агенцијата за вработување, паралелно работи за прочистувањето на списокот на баратели на работа.

Комората ја поздравува законската регулатива со која од 1 септември годинава доколку еден активен барател на работа одбие два пати понудена одредена работна позиција, го губи правото на социјална помош. Време е сите заедно: синдикатот, стопанството, инспекторатот, Фондот за здравство да ја ревидираме ситуацијата и да видиме со каква работна сила располагаме и да направиме работна нација.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски за барањето на невладината „Достоинствен работник“ која неодамна излезе со анализите за состојбата на текстилните работници, да се формира локален Економско-социјален совет, посочи дека во општината има механизми за решавање на социјалните проблеми, но тоа, сепак е работа на владиниот економско-социјален совет.

ПРИЛЕП БАРА РЕШЕНИЕ ЗА НЕДОСТИГОТ НА РАБОТНА СИЛА