ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
13.08.2019 👁 Прочитано: 127

ТУРИСТИ ВО ЈУНИ: Србите побројни од Полјаците, а Турците трипати побројни од Србите


Бројот на туристите во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, пораснал за 16.6 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.9 %.
Земјата ја посетиле над 19.000 Турци, повеќе од 6.000 Срби, за нијанса помалку Полјаци, но и тие се над 6.000,  2.186 Романци,  4.676 Бугари, 4.503 Грци и други.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2019 година изнесува 119 334, а бројот на ноќевањата изнесува 264 821.
Бројот на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 15.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.9 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 7.2 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.6 %.
Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2 %, а кај странските има зголемување за 3.5 %.
Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има скок за 2.6%.

Превземено од: Фактор.мк
https://faktor.mk

 

ТУРИСТИ ВО ЈУНИ: Србите побројни од Полјаците, а Турците трипати побројни од Србите