Online Бизнис средби 18.11.2020 - 20.11.2020 УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“

Online (Калабриа), Италија


   

( Smart Manufacturing Matchmaking ), 18-20.11.2020 година

https://smm2020.b2match.io

 

Стопанската комора на Македонија во рамки на ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи од Италија, и во соработка со СПИН организацијата за поддршка на бизнис иновации од регионите Базилика и Калабрија, Италија, Ве поканува да земете учество на претстојниот „виртуелен“- брокерски настан и билатерални средби на тема: БЕ@СММ2020-Вмрежување во паметната преработувачка дејност 2020 (Smart Manufacturing Matchmaking).

Компаниите се соочуваат со нови предизвици, земајќи ги предвид предностите и можностите што ги нуди четвртата индустриската револуција. Поради тоа од голема важност е да се биде во тек со најновите современи и напредни технологии, побарувачка од институции, нови апликации од мали и средни претпријатија, како и технички предизвици со кои се соочуваат големите компании.

Виртуелниот настан претставува одлична можност на едно место да се сретнат менаџери на компании, научници, истражувачи коишто работат во областа на Паметното производство и индустријата 4.0. којашто ги револуционизира и ревитализира сите индустриски операции.

На настанот ќе бидат покриени следните теми:
 

Ø Дигитален близнак;

Ø Индустриски интернет на нештата;

Ø Примена на виртуелна/проширена/мешана реалност во индустријата;

Ø Аналитика на голема количина на податоци;

Ø Сајбер-физички системи;

Ø Симулација;

Ø Автономни роботи;

Ø Вештачка интелигенција и машинско учење за индустриски примени;

Ø 3Д-печатење;

Ø Сајбер-безбедност и облак;

Ø Човечко-машински интерфејс;

Ø Соработка човек-машина;

Ø Предвидено одржување;

Ø Системска интеграција и

Ø Автономно производство
 

Учеството на настанот е бесплатно. Со пријавување на „онлајн“-платформата, ќе имате можност подетално да се запознаете со профилите на останатите учесници, по што сами ќе можете да ја креирате својата агенда и да ги договорите билатералните состаноци.
 

Настанот е дел од Виртуелното издание „Вмрежување во паметната преработувачка дејност 2020 (Smart Manufacturing Matchmaking), што покрај БЕ@СММ2020, вклучува и интегриран сет на вебинари. Сите ажурирања за виртуелно издание SMM2020 може да се следат на веб-страната: https://www.smm2020.eu/ или преку Телеграм: https://t.me/spin_srl_smm2020/

Виртуелниот настан ќе се одржи во периодот од 18-20 ноември 2020 година. Рокот за пријавување е најдоцна до 17 ноември 2020 година (вторник), на следниот линк: https://smm2020.b2match.io/signup .

 

Напомена: За учество на настанот потребно е да имате: ажуриран веб пребарувач, микрофон и веб-камера.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страна: https://smm2020.b2match.io/ .

ЕЕН мрежата на Италија ви нуди поддршка пред, за време и по настанот, на пр. со тоа што ќе ви помогне да формирате информативен профил за соработка, следење со секоја од компаниите, итн.

Конференциски линк

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.07.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Online Бизнис средби, 27.07.2020
Покана за учество на „виртуелен“ настан и билатерални деловни средби на тема: CONNECTO 2020 - 28-30.07.2020 година, Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ
Семинар, 28.07.2020
ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ-ПРОДАЖБА, ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И ПРОДАЖБА
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“