ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
18.06.2019
Бизнис средби
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛАНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И СЛОВАЧКИ КОМПАНИИ
Стопанска комора, сала 4 на 5 кат,

Во насока на интензивирање и зголемување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Словачка, Стопанската комора на Македонија во соработка со Комората за индустрија и Трговија на Словачка, Регионална комора со седиште во Трнава, Р. Словачка, организираат бизнис форум и билатералани средби меѓу македонски и словачки стопанственици.

Бизнис Форумот и билатералните средби ќе се одржат на 18 јуни 2019 год. (вторник), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија

Slovak

Целта на бизнис форумот е да им се овозможи на компаниите да ги презентираат своите интереси за соработка и можности за инвестирање и да ги зајакнат деловните односи меѓу двете земји. По завршувањето на официјалниот дел, компаниите ќе имаат можност да остварат и директни бизнис средби со компании од соодветните дејности.

Словачката бизнис делегација ќе биде составена од компании кои делуваат во секторите: индустрија на отпад, металургија, трговија, метална, хемиска, прехрамбена индустрија, текстил, енергетика, систем на стандардизација и други сектори (листа).

Ве молиме за Вашиот интерес за учество на претстојниот Бизнис форум и билатерални средби, да не информирате најдоцна до 17 јуни 201 9 година (понеделник), со цел навремено организирање на настанот и средби со компании од Ваш интерес.

За подетални информации лица за контакт :

Даниела Михајловска Василевска моб: 070 35 13 35, e-mail: daniela@mchamber.mk; и

Белинда Миновска тел: 02 32 44 036, e-mail: belinda@mchamber.mk;

Во прилог:

- Агенда
- Список на словачки компании


Агенда на настанот Останати документи Пријави се електронски

Контакт лице:
Даниела Михајловска Василевска
Телефон: ++ 389 2 3244021
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: daniela@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Белинда Миноска
Телефон: ++ 389 2 3244036
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: belinda@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје