ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
26.06.2019
Семинар
ПЕРСОНАЛНА АСИСТЕНЦИЈА – ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМПАНИСКАТА ЕФИКАСНОСТ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар:

ПЕРСОНАЛНА АСИСТЕНЦИЈА – ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМПАНИСКАТА ЕФИКАСНОСТ

26.06.2019  година
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Во модерното деловно опкружување, улогата на деловните асистенти е се поголема. Како расте комплексноста на активностите на една компанија, тие преземаат се повеќе и поголеми одговорности.
На семинарот ќе се обработат сегментите како зголемување на самодовербата, техники за ефективна деловна комуникација и услуга кај извршните асистенти, методи кои ќе помогнат како да се завршат повеќе работи за пократко време, техники за зајакнување на комуникациските  вештини кај деловните асистенти и што е најважно - станување незаменлив деловен асистент.

          Програмата на семинарот ќе придонесе во унапредувањето на вештините на овие клучни човечки ресурси, ќе се идентификуваат клучните области во кои треба да се работи на едукација за унапредување на потребните вештини и клучни карактеристики кои треба да ги поседува еден “современ” деловен асистент во услови на  динамичниот развој на компаниите.

Семинарот ќе ви помогне:

-  Да научите да завршите повеќе активности за пократко време;
-  Да научите да ја контролирате Вашата работа и да не дозволите таа Вас да Ве контролира;
-  Да ја потенцирате важноста на деловниот асистент и неговото место во компанијата;
-  Да станете незаменлив деловен асистент;
-  Да научите да ги унапредете Вашите деловни вештини кои се неопходни за успех и напредок во кариерата;
-  Да се стекнете со практични решенија за ефикасно управување со времето и приоритетите;
-  Да размените искуства со други деловни административни    професионалци;
-  Да се стекнете со ефективна деловна комуникација која е 100% употреблива во пракса.

Придобивки на компаниите:

- Подобрување на секој аспект на деловната комуникација: пишана, усна, телефонска;
- Препознавање на состојбите за потенцијални комуникациски   грешки:поедноставување, заокружување;
- Запознавање со техниките за поставување на ефективни прашања;
- Начин на пишување на ефектни мејлови;
- Одредување на дневни и неделни приоритети.


Предавач:

- проф. д-р Гордана Петрушевска, експерт и менаџер. Д-р Петрушевска своите магистерски студии ги завршува во 2003 година, на Шефилд Универзитетот во Солун, на тема: „Тимско работење и активности за организрање на успешни проекти“. Своите докторски студии ги завршува на Универзитетот за Мир на Обединетите нации во Белград, во 2012 година, на тема: „Позиционирање на производи во услови на криза“. На академско ниво, д-р Петрушевска, меѓу останатите предмети предава: Меѓународна економија, Меѓународна трговија, Развивање на нови производи, Односи со јавност итн. Нејзиниот експертски и менаџерски сегмент го започнува на „Скопски саем“ како организатор на домашни саемски манифестации, продолжува со организација на меѓународни саемски манифестации во земјата, како и организирање учество на домашните компании на меѓународни саемски манифестации. Кариерата на „Скопски саем“ ја завршува како генерален директор, со многубројни признанија од областа на комуникациите, продажба и внатре компаниските односи.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 24.6.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје