УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА НА ДАВОС

   

👁 Прочитано: 884


УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА НА ДАВОС

50-години,светските лидери и најмоќните луѓе од светот на економијата секоја година се собираат во Швајцарија, во градот Давос.

3.000 стопанственици, политичари и други функционери од 118 земји се присутни на 50-тата Манифестација на светскиот економски форум ДАВОС. Овие влијателни луѓе во рамки на активностите што се одржуваат на Форумот, носат одлуки што се одразуваат на граѓаните на секоја земја во светот. Но, Давос не е само сувопарна економија. Секоја година светските лидери и сопствениците на крупниот капитал, освен што присуствуваат на конференции, сакаат и да уживаат во своето слободно време.

Неколку занимливости за Давос.

* Светскиот економски форум е непрофитна организација со мошне амбициозна цел – да им помогне на економиите и да го направи светот подобар. Во склоп на настанот се одржуваат конференции на разни теми, почнувајќи од глобалната економија, па се до справување со стрес. Многу од учесниците на Форумот доаѓаат поради вмрежувањето. Фактот што местото е релативно мало, им овозможува на корпорациските челници, политичарите и новинарите да одржат неверојатен број на состаноци во краток период без да имаат потреба од патување.

УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА НА ДАВОС* Само компаниите плаќаат за учество на Форумот, а останатите учесници се ослободени од котизација. Членарината се движи од 60.000 швајцарски франци годишно, па до 600.000 франци за стратешките партнери.

* Иако учесниците се богати државници и директори на успешни компании, сите имаат нешто заедничко – капа со туфка. Овие неодоливи сини зимски капи ги обезбедува Цирих Иншуранс (Zurich Insurance) секоја година и скоро сите ги носат.

УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА НА ДАВОС* Интересно е што туристичкиот развој на овој предел започнува на крајот на 18. век, за во наредниот да стане бања каде што се лечело од белодробни заболувања.

* Ова швајцарско населено место е всушност највисокиот град во Европа со 1560 метри надморска височина. Во градот живеат 11.500 луѓе, но вистинското население се туристите коишто издвојуваат и по неколку илјади евра од ноќевање за да скијат на алпските падини.

УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА НА ДАВОССветскиот економски форум е основан од страна на Клаус Шваб, германски професор по економија, во 1971 г. Темата на првиот собир била како да се воведе американскиот начин на управување. По две години, конференцијата го проширила опфатот со глобалната економија и општествените теми, така што оттогаш, овој алпски предел е збирно место на светската политичка и деловна елита.

* Давос се наоѓа во источна Швајцарија во кантонот Грабинден на околу 270 километри од швајцарската престолнина Берн. Тоа е втор по големина град во овој кантон. Се состои од два дела - село Давос и плоштад Давос. Има и мало Давско езеро во близина со доминантна умерена континентална клима.

Климатски промени – тема што предничи

УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА НА ДАВОСИако ја прифати Кристалната награда на отворањето на Светскиот економски самит во Давос, австралиската уметница и режисерка Линет Валворт го посвети својот говор на дебатата за климатските промени.

„Дојдов тука од една нова реалност – Австралија гори и се гледа само пепел. Сега го гледаме она за коешто предупредувавме со години, тоа од што се плашевме. Причината поради која предупредувавме не е веќе во далечната иднина, туку е тема на сегашноста“, рекла по примањето на престижната награда.

УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА НА ДАВОС

 „Ги видовме раширените крилја на климатските промени, а за да сесоочиме со она што ја предизвикува новата реалност, ни требаат водачи коишто ќе се исправат пред предизвикот“.

Даниел Матракоски