ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Успешни приказни
21.06.2019 👁 Прочитано: 580

10 бизнис совети од најбогатиот Европеец Амансио Ортега


Амансио Ортега е шпански претприемач и основач на индустриската групација „Inditex“. Оваа групација компании има над 7.000 продавници во 90 земји, со повеќе од 92. 000 вработени, од кои најпознат е синџирот продавници Zara. Ги поседува и марките Pull & Bear, Bershka, Massimo Dutti, Oysho, Zara Home, Kiddy’s Class, Tempe, Stradivarius.

Според рангирањето на магазинот Forbes, Ортега (кон февруари 2017 година) е најбогатиот човек во Европа и втор во светот со средства во вредност од 72,8 милијарди долари.

Ви претставуваме 10 вредни бизнис совети од најбогатиот Европеец Амансио Ортега, објавени во книгата „Феноменот Zara“.

-Донесувајте одлуки врз основа на логиката.
-Бидете објективни со луѓето и секогаш трудете се да се поставите на нивно место.
-Да си менаџер не е квалификација. Тоа значи да обучуваш преку личен пример и поддршка.
-Ако дадеш за нешто негативна оценка, треба да си подготвен да понудиш алтернатива.
-Секогаш зборувајте за работата во множина. Никогаш не кажувајте „Јас направив ова“.
-Концентрирајте се на деталите. Чувајте ги ушите и очите отворени.
-Однесувајте се кон добавувачите со голема почит.
-Опкружени сме од конкурентите. Не потценувајте никого од нив. Историјата нè учи дека и најмоќните компании ќе пропаднат.
-Одлуките треба да се флексибилни, па главниот бизнис да не страда. Таму не можеме да си дозволиме неуспех.
-Никој не е поголем од компанијата.

Превземено од: Капитал.мк.

10 бизнис совети од најбогатиот Европеец Амансио Ортега