ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
НАЦРТ – ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА МРЕЖИ И ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ
09.10.2019

Со Нацрт – законот се определуваат мерките за безбедност на мрежи и информациски системи, безбедносните услови и известувања за инциденти на мрежи и информациски системи кои треба да бидат исполнети како услови од страна на операторите на суштинските услуги и од давателите на дигитални услуги и се уредува стратешката соработка и размената на информации, координацијата на тимовите за одговор на компјутерски инциденти, како и обврските на единствената точка за контакт и на тимовите за одговор на компјутерски безбедносни инциденти.

Со Нацрт – законот се основа мрежата за одговор на компјутерски инциденти и Дигиталната агенција на Република Северна Македонија. 

Одредбите на овој закон се применуваат на работата на органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа, судовите, јавните обвинителства и државното правобранителство и правни лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања.

Одредбите на овој закон се применуваат и на работата на правни лица кои обезбедуваат услуги од секторите:
- енергетика,
- транспорт,
- банкарство,
- финансиски пазар,
- здравство,
- снабдување на вода за пиење и дистрибуција,
- дигитална инфраструктура.

Овој закон не се применува на операторите на јавна електронска комуникациска мрежа определени со Законот за електронските комуникации и давателите на доверливи услуги определени со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје