1033 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
11.04.2019 👁 Прочитано: 937

МОДУЛ: „ОБУКА (COACHING)“


Клуб на менаџериДенешниот настан беше втор дел од неколкумесечната обука која ќе следува во рамките на Годишната агенда на тема: „Обука (Coaching)“.

Обуката (Coaching) најдобро функционира со оние личности кои  секогаш се стремат да постигнат  повеќе. Tаквите поединци но и компании најчесто знаат што сакаат и за нив не постојат проблеми, туку исклучиво предизвици, кои доколку правилно се постават и решат, овозможуваат простор за натамошен напредок. Според тоа, логичен е заклучокот дека истиот е брз и ефикасен начин за постигнување резултати. Клиентот, преку структуриран разговор, помогнат со конкретни алатки и техники, наместо да се концентрира на минати искуства или причини за актуелни состојби, се придвижува кон посакуваната цел. До целта стигнува преку конкретни чекори кои водат до фундаментални промени во став, однесување и навики што ја прави оваа методологија  ориентирана кон акција или делување. Токму оваа карактеристика пак го прави обучувачот неодoлив за современите корпоративни култури на успешните компании. Лидерите во ваквите компании нужно ја применуваат оваа техника во секојдневното работење, со цел да ја унапредат комуникација со своите тимови, како и да ја утврдат позицијата на секогаш иновативни и резонантни лидери.

Предавачот Љупчо Георгиев на присутните им посочи дека „Обуката (коучингот) има покреативни идеи, модели и однесувања кои водат до успех. Задачата на обучувачот е јасно и непристрасно да претстави што работи и како работи клиентот, со цел заедно да  дојдат до нови сознанија кои подоцна клиентот би ги пренел во секојдневниот живот. Развојот е клучен елемент на обуката. Развојот се дефинира како континуиран процес на раст и учење, па во склад со оваа дефиниција целта на обуката можеме да ја дефинираме и како личен и професионален развој на поединецот преку моменталните рамки.

Обуката е успешна кога клиентот ќе ја надмине постојната блокада или ќе развие вештина (или способност) која му помага да оствари одредена цел.

Основната цел на обуката е да се унапредат резултатите и учинокот на клиентите во најразлични деловни и животни области. Обуката има улога на покренувачка сила која ги ослободува човечките потенцијали за создавање нови и покреативни идеи, модели и однесувањa кои водат кон успех.

Бројните едукативни програми и обуки кои се вклучени во Годишната програма ќе им овозможат на менаџерите да го поттикнат сопствениот стручен и професионален развој, но и да обезбедат адекватна и мотивирана работна сила, иновативни производи и конкурентска предност која произлегува од подготвеноста на менаџерот - претприемач да се носи со своите обврски и секојдневно да инвестира во својот тим.

Валентина Цветковска

МОДУЛ: „ОБУКА (COACHING)“
МОДУЛ: „ОБУКА (COACHING)“
МОДУЛ: „ОБУКА (COACHING)“