ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
22.04.2019
Семинар
ПРАКТИЧНА АНАЛИЗА И КОМПАРАЦИЈА НА ЛИЧНИ ПРИМАЊА ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневна работилница на тема:

ПРАКТИЧНА АНАЛИЗА И КОМПАРАЦИЈА НА ЛИЧНИ ПРИМАЊА ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО

22.4.2019 година (понеделник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 22 април 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Практична анализа и компарација на лични примања по основ на договор за вработување и по основ на договор за дело“, со цел да се направи сеопфатна анализа на сите дилеми поврзани со плаќањето на работата по основ на работен однос и по основ на договор за дело, преку разработка на бројни практични примери.
          Притоа, по спроведената дискусија, дел од прашањата кои ќе бидат одговорени се следните: од што е составена платата како сложена категорија, кои се најновите параметри за пресметка на плата, по што платата се разликува од другите лични примања по основ на договор за дело, кои се најчестите дилеми кои произлегуваат од надоместоците на плата за боледување и годишен одмор, што се трошоци поврзани со работата, како и на кој начин може да се врши порамнување и задржување на исплаќањето на платата.
          Со еднодневната работилница ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област, сé во насока на поголема правна заштита и сигурност.

ПРОГРАМА

I. ПЛАТА И ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА

- Законска регулатива:
- Закон за работни односи;
- Основна плата, работна успешност и додатоци;
- Пресметка на основна плата;
- Пресметка на работна успешност и додатоци на плата;
- Параметри за пресметка на плата:
- Лично ослободување;
- Стапки за пресметка на придонеси;
- Највисока и најниска основица за пресметка на плати;
- Порамнување и задржување на исплаќањето на плата;
- Административна забрана;
- Налог за извршување врз основа на извршна исправа;
- Парична казна изречена од работодавачот;
- Минимална плата;
- Преглед и обработка на практичен пример.

II. ДРУГИ ЛИЧНИ ПРИМАЊА ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО

- Законска регулатива:
- Закон за облигационите односи;
- Закон за персонален данок на доход;
- Разлика од примањата по основ на работен однос;
- Применливост и опфат на договорот за дело;
- Практични примери.

III. НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА БОЛЕДУВАЊЕ

- Исплата на боледување на товар на работодавач;
- Исплата на боледување на товар на Фондот за здравствено осигурување;
- Најчести дилеми по однос на боледувањето.

НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ГОДИШЕН ОДМОР

- Стекнување право на цел и пропорционален дел од годишен одмор;
- Користење на годишен одмор и потврда за искористен годишен одмор;
- Надоместок за неискористен годишен одмор;
- Надоместок на плата за годишен одмор и основица за плаќање на придонеси и персонален данок за надоместокот на плата за годишен одмор;
- Практични примери.

IV. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

- Дневници за службени патувања;
- Користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот;
- Регрес за годишен одмор;
- Одвоен живот;
- Теренски додаток;
- Практични примери.

Предавачи:

- Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и

- Викторија Спасовска, правен консултант, Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.


За сите учесници на работилницата ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на работилницата.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 17.4.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје