ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
23.04.2019
Семинар
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар:

Кршењето на работниот ред и дисциплина или работните обврски како предуслов за отказ на договорот за вработување, заштита на правата пред работодавачот и пред надлежен суд, привремени мерки во спорови од работен однос, синдикалниот претставник и негова заштита согласно Законот за работни односи

23.4.2019 година (вторник),
 10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 

          Стопанската комора на Македонија, на 23 април 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: Кршењето на работниот ред и дисциплина или работните обврски како предуслов за отказ на договорот за вработување, заштита на правата пред работодавачот и пред надлежен суд, привремени мерки во спорови од работен однос, синдикалниот претставник и негова заштита согласно Законот за работни односи.

 Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.


ПРОГРАМА:



1. Кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски како предуслов за отказ на договорот за вработување:
- Повреди на работниот ред и дисциплина за кои е предвиден отказ со отказен рок;
- Повреди на работниот ред и дисциплина за кои е предвиден отказ без отказен рок;
- Останати причини за отказ на договорот за вработување.

2. Заштита на правата пред работодавач и пред надлежен суд, привремени мерки во спорови од работен однос:
- Задолжителност на претходна заштита на правата пред работодавачот;
- Исклучоци од примарната заштита на правата пред работодавачот;
- Постапка пред суд за заштита на правата од работен однос;
- Услови за донесување решенија за привремени мерки во спорови од работен
  однос.

3. Можност за извршување други работи кои не се предвидени со договорот за вработување:
- Работни задачи на работникот во согласност со договорот за вработување;
- Услови за извршување на работата и работните задачи кои не се предвидени со
  договорот за вработување.

4. Синдикален претставник, негова заштита согласно Законот за работни односи и отказ на договор за вработување на синдикален претставник:

- Права и обврски на синдикалниот претставник;
- Посебна заштита на синдикалниот претставник во однос на останатите работници;
- Разлики во постапката за отказ на договорот за вработување на синдикалниот
  претставник во споредба со останатите работници.

Предавачи:
                              
- м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје  II - Скопје и
- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 18.4.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје