ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
23.04.2019
Семинар
ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар на тема:

ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ

23.4.2019 година (вторник)
9:50-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 

          Грижата за потрошувачите и корисниците на услугите е постојан и бескраен процес.
Со промените на потрошувачките навики и напливот на лесно достапни информации, компаниите се судираат не само со борба за стекнување со нови клиенти,  туку и со постојана потреба од задржување на постојните клиенти, зголемување на нивното задоволство и класифицирање во најпосакуваната категорија клиенти – лојални.

          Учениците на овој семинар активно ќе учествуваат во идентификацијата на сите клучни фактори кои ја прават услугата една од клучните продажни, односно деловни алатки и во таа интеракција ќе добиваат тековна повратна информација за своите знаења, ставови, идеи и следни чекори во нивната работна пракса.
          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 23 април 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА  КЛИЕНТОТ“.

ПРОГРАМА



• Вовед во темата – прашања и дискусија за тековни пракси:
  - Што продаваме, на кого продаваме, како продаваме?
  - Вежба и дискусија: Кога Вие би одлучувале...

• Дефинирање на:
  - задоволство на клиентот;
  - лојалност на клиентот;
  - задржување на клиентите (Customer retention);
  - стекнување клиенти (Customer acquisition);
  - вежба и дискусија: На кои (и зошто) од горните работни процеси паѓа фокусот на напорите за задржување/подигање на профитот?

• Задржување на клиентите (Customer retention):
  - Мерење на вредноста на клиентите и ефектите од подигање на стапката на нивно задржување;
  - Групна вежба: Примери на мерење на вредноста на просечен клиент; клиентите и ефектите од подигање на стапката на задржување на клиентите.

• Стратегии за задржување на клиентите:
  - Групна вежба: Развој на стратегии за задржување на клиентите во различни индустрии.

• Намалување на стапката на откази од страна на клиентите:
  - Причини за добивање отказ од страна на клиентот;
  - Вежба и дискусија: Каде треба да биде насочен фокусот на напорите за намалување на стапката на откази од страна на клиентите, кон: екстерни процеси - клиенти или     кон внатрешни (организација, лидерство, работна средина...).

• Сигнали за нерасположение на клиентите и мерки за превенција:
  - Дискусија на реални случаи на нерасположение на клиентите и дилема: отказ или останување во однос  со клиентот.

• Зголемување на задоволството на клиентите:
  - Мерење на задоволството на клиентите;
  - Вежба и дискусија: Тековни пракси и повратните ефекти од истите.

• Стратегии и мерки за зголемување на задоволството на клиентите:
  - Вежба и дискусија: Тековни пракси и повратни ефекти од истите.


Предавач:

Митко Керамитчиев, деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција.
Работејќи за или тесно соработувајќи со големи интернационални бизнис гиганти и светски познати брендови, бил во прилика да го спроведува нивното глобално know-how на македонскиот и на регионалниот пазар.
„Wrigley“, „Allied Domecq“, „Colgate-Palmolive“, „Hipp“, „Nestle“, „Johnson&Johnson“, „Dr. Oetker“, „Johnson Wax“, „AWT International“, „Alma-M“ се дел од организациите за кои Керамитчиев работел или со кои тесно соработувал.
Како тренер, со повеќе од  630 семинари, работилници, предавања, презентации и консултантски сесии одржани во Македонија и во регионот, Керамитчиев соработувал со бројни компании од речиси сите деловни сектори: банкарство, енергетика, осигурување, градежништво, транспорт, рударство, спорт, автомобилска индустрија, производство на различни стоки и репроматеријали, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, информатика и комуникација, фармација, тутунска индустрија, угостителство...
Неговата консултантска и тренерска пракса и покрај формалното образование (МВА), доминантно ја црпи и базира на сопственото искуство и принципите за кои зборува ги поткрепува со сопствени примери. Самиот е учесник на бројни семинари во земјата и во странство.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување: 19.4.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје