15.02.2019 (Семинар)
Право на годишен одмор како уставна категорија; права на работниците во случај на неискористување на годишниот одмор 19.02.2019 (Тренинг обука) ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ 21.02.2019 (Семинар) НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ 22.02.2019 (Семинар) Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ - 25.02.2019 (Работилница) Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет 26.02.2019 (Семинар) УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО 26.02.2019 (Семинар) ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ 27.02.2019 (Тренинг обука) ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА 28.02.2019 (Семинар) ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ 03.03.2019 (Советување) ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО 12.03.2019 (Семинар) НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ 15.03.2019 (Академија) АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY- 21.03.2019 (Семинар) УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“ 01.04.2019 (Бизнис средби) БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА 11.04.2019 (Бизнис средби) Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија |
|||||||
ISO 9001ISO 9001Што е ISO 9001? ISO 9001 е најпозната меѓународна норма која поставува барања за воспоставување и одржување на системот за управување со квалитет, а е применлива за сите видови на организации(профитни/непрофитни, производни/услужни, мали /средни/големи). Ги опфаќа основните процеси внатре во организацијата (продажба, развој, набавка, производство/услуги, итн) обезбедувајќи дека низ дадените активности тие процеси се водени во контролирани услови, и како такви ги задоволуваат барањата на релевантните заинтересирани страни:
Системот за управување со квалитетот согласно барањата на ISO 9001 денес се користи во целиот свет, а негова сертификација е општоприфатен начин за докажување на сегашните и потенцијалните партнери дека производот или услугата ќе ги задоволи неговите барања во врска со квалитетот. Добро развиен и одржуван систем за управување со квалитетот има позитивен придонес за остварување на целите во работењето, подобрувајќи го:
Систем за управување со квалитет Организацијата мора да го воспостави, документира, применува и одржува системот за управување со квалитет, и континуирано да ја подобрува неговата ефикасност во согласност со барањата на овој меѓународен стандард. Воведување систем за квалитет Стопанската комора на Македонија, поточно Центарот за унапредување на квалитетот во производство и услуги, кој функционира во рамките на истата, работи на воведување на систем за управување со квалитет согласно ISO 9001. Динамичен/акционен план на активности
Потребни документирани информации Документираните информации кои треба да се изготват за да бидат задоволени барањата од стандардот се следниве:
Интерни проверки Организацијата мора да спроведе интерни проверки во одредени временски испланирани интервали, за да потврди дека системот за управување со квалитет е воспоставен и е усогласен со планираните активности по однос на барањата од стандардот, а воедно и ефективно имплементиран и одржуван. Постои процедура за интерни проверки, која детално го дава текот на активности релевантни за овој процес:
Корективни мерки Организацијата треба да спроведе активности за да ги елиминира причините кои условиле појава на неусогласеност, а со цел да ја спречат нивната повторна појава-корективна мерка. Воедно, организацијата треба да одреди и такви активности кои имаат за цел да ги елиминираат и причините кои би условиле потенцијални не усогласености, а се со цел да се спречи нивното појавување. Процедурата за корективна мерка детално ги опишува сите потребни активности, релевантни за тој процес:
Предоценката на системот за управување со квалитет е завршна фаза од проектот-Воведување на систем за управување со квалитет. Околу четири до шест недели пред сертификацијата од страна на Сертификационото тело, треба да биде извршена целосна предоценка на Системот за управување со квалитет од страна на Стопанската комора на Македонија. На предоценката треба да се гледа како на вежба за "вистинската" сертификација која следи. На ова ниво не е пожелно да биде пронајдена било каква голема неусогласеност, но ќе биде од корист искуството за комуницирање со проверувачите на Сертификационото тело. Од извршената предоценка главниот проверувач изготвува извештај, врз основа на кој се превземаат корективни мерки, ако се најдени одредени неусогласености. ![]()
Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски, 13 1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: emilija@mchamber.mk ![]()
![]()
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права
|