23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

22.12.2017


Актуелно  

Одржана седница на Здружението на трговијата – БАРАЊЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И ДЕФИНИРАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА СТОКА НА ПОТЕСНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ


Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 22.12.2017 година расправаше за Одлуката на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на потесното градско подрачје со која се забранува доставувањето на стока во периодот од 7:30 наутро до 18:00 часот попладне од 1 декември до 31 март, односно тoа ќе се врши во периодот од 18:00 до 7:30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути.

 

Компаниите-членки на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија изразуваат незадоволство од носење одлуки кои директно го засегаат нивното работење без претходна консултација со бизнис секторот.

При тоа, ги истакнаа следните проблеми кои ќе ги предизвикаат измените на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на потесното градско подрачје:

- неможност за прием на стоката во ноќните часови со оглед дека не постојат централни магацини (приемни центри) како во западноевропските држави, а примателите на стоката не работат ноќе или немаат персонал за прием на стока;
- во потесното градско подрачје има градинки, училишта, аптеки, здравствени установи и други институции, во кои нема лица за прием на стоката во предвидените часови, а треба да се има предвид и потребата за дистрибуција на свежа храна во определено време (оброци за деца, за болни, кетеринг-услуги и сл.);
- дополнителни трошоци со оглед на потребата од ангажирање на работници за работа во ноќна смена за која согласно Законот за работни односи се плаќаат дополнителни надоместоци на плата;
- потреба од дополнително ангажирање на работници (продавачи, возачи, магационери), што покрај дополнителните трошоци за компаниите претставува и проблем што на пазарот на труд има недостаток на овие профили на работници поради што компаниите тешко ги обезбедуваат и за работа во прва и втора смена. Ова дотолку повеќе го усложнува проблемот, што всушност ќе треба да се ангажираат работници за определено време – три месеци, односно за периодот за кој важи забраната - од 1 декември до 31 март;
- со ваквата одлука се врши дискриминација на деловните субјекти од различни подрачја, бидејќи за едни подрачја може да се врши дистрибуција во текот на денот, а за други само во предвидените часови со што директно се влијае на условите на работењето на деловните субјекти од различни подрачја;

- дополнителни административни трошоци за пререгистрација на работното време, со оглед дека овие компании се регистрирани за дневно работно време - работа вон регистрирано работно време претставува прекршок за кој инспекциските органи изрекуваат парични казни. Дистрибутерите се регистрирани за работно време од 7:00 до 15:00 часот или од 8:00 до 16:00 часот;
- неможност за истовар на стоката за 15 минути, колку што е дозволено запирањето и паркирањето, имајќи предвид дека истоварот на стоката  трае во зависност од видот и повеќе од еден час, кое време дополнително се зголемува ако истовремено има повеќе дистрибутери. Од друга страна, пролонгирањето на времето предизвикува можност за изрекување казни;
- во ноќните часови проблем ќе биде пристапот до дистрибутивните места поради паркираните возила на резидентите во тие простори;
- загадувањето во ноќните часови е поголемо од дневното време - мерните инструменти бележат поголем број на ПМ честички ноќе и со измените на времето за доставувањето на стока ќе се влијае повеќе на загадувањето. Овие компании не се загадувачи на животната средина бидејќи инвестираат во транспортни возила кои ги исполнуваат еур 5 и еур 6 стандардите, како и хибридните и електричните возила, кои не треба да бидат дел од оваа мерка. Доколку целта е намалување на загадувањето на воздухот со носење на ваква одлука, потребно е контрола на сите возила (лесни и тешки) за исполнетост на овие стандарди. Од страна на дистрибутерите, во централното градско подрачје секојдневно циркулираат помеѓу 40-50 возила. Овие возила придонесуваат во загадувањето од моторни возила со 0,05%, а во вкупното загадување на воздухот помалку од 0,01%;
- зголемување на комуналната хигиена и поголема контрола од страна на инспекциските служби;
- постојат компании кои својата дејност и услуга ја базираат на испорака и монтажа (мебел, техничка опрема, опрема за домаќинство и слично...), па се поставува прашањето што ќе се случи со испораката на стоките и услугите за граѓаните во ова централно градско подрачје? Дали ќе треба да се испорачува и монтира (прави врева) во 2 часот наутро?
- Со носење на ваква одлука се загрозува и јавниот ред и мир на граѓаните во доцните ноќни часови и поради можни поплаки компаниите можат да подлежат на санкции;
- потребна е контрола на издувните гасови на сите возила и нивно маркирање соодветно на степенот на загадувањето со цел исклучување од сообраќај на возилата кои не ги задоволуваат еколошките стандарди, како и креирање на програми за поддршка за набавка на возила кои ги задоволуваат еколошките стандарди.

Со оглед на наведеното, се заклучи следното: донесената Одлука е неприменлива и предизвикува сериозни организациски, административни, технички, кадровски, финансиски и други импликации и го доведува во прашање редовното снабдување на граѓаните, поради што е потребно истата веднаш да биде укината. Бизнис-заедницата ја изразува својата подготвеност активно да се вклучи во процесот на креирање на мерки кои ќе придонесат за намалување на загадувањето во  Скопје.

Љупка И. Самарџиска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права