Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
АКТУЕЛНО
10.10.2019 👁 Прочитано: 277

ПОЧНА СО РАБОТА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА НА ХРОМНИ ОТПАДНИ ВОДИ ВО КОМПАНИЈАТА „ДИМКО МИТРЕВ“


„Димко Митрев“ е компанија за производство и трговија на крзно и крзнени производи, која успешно работи повеќе од седум децении и е традиционално извозно ориентирана компанија која е присутна на европските пазари повеќе од 40 години.

Компанијата во текот на претходните години имаше повеќе активности околу решавање еколошки проблеми и инвестиции за извршување на истите активности. Токму една од тие инвестиции е пуштена во употреба денес, а се однесува на  Станица за пречистување на хромните води од штавениот погон на компанијата, чија вредност изнесува околу 300.000 евра. Преку оваа станица отпадната вода од технолошко-производниот процес ќе биде целосно прочистена, а со тоа ќе се подигне квалитетот на отпадните води што се испуштаат во реката Вардар.

На пуштањето во употреба на оваа пречистителна станица на хромни отпадни води присуствуваа голем број гости од земјава и од странство.

Друштвото е основано како претпријатие за сите видови ќурчиски и кожарски производи и е трансформирано во Акционерско друштво чија претежна дејност е доработка и боење на крзно и  производство  на предмети од крзно.

Друштвото е организирано во три работни единици: производство на крзно  од овчка и јагнешка кожа, конфекција која произведува крзнени обувки, декоративни производи од крзно, крзнени теписи, ХТЗ-производи и др., како и заеднички служби во рамките на компанијата.

Околу 97% од вкупниот извоз на компанијата е наменет за европскиот пазар и тоа во најголем дел за шведскиот пазар, помал дел  за Германија и Словенија, а најголем дел се извезуваат крзнени обувки (топлинки, влечки, чизми и други производи). Вредноста на извозот во 2018 година изнесувал околу 4 милиони евра, а компанијата вработува 260 лица.

Сашо Деспотоски

ПОЧНА СО РАБОТА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА НА ХРОМНИ ОТПАДНИ ВОДИ ВО  КОМПАНИЈАТА „ДИМКО МИТРЕВ“
ПОЧНА СО РАБОТА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА НА ХРОМНИ ОТПАДНИ ВОДИ ВО  КОМПАНИЈАТА „ДИМКО МИТРЕВ“
ПОЧНА СО РАБОТА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА НА ХРОМНИ ОТПАДНИ ВОДИ ВО  КОМПАНИЈАТА „ДИМКО МИТРЕВ“