28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.02.2018


Актуелно  

Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад ќе организира прва конференција за резултатите и предизвиците од колективното управување со посебните текови на отпад


Со цел афирмирање на местото и улогата на системите за колективно постапување со посебните текови на отпад, во организација на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад, во средината на март 2018 година, во Стопанската комора на Македонија ќе се организира Меѓународна конференција, беше договорено на денешната седница на Асоцијацијата. Преку афирмирање на  досегашните активности, на местото и улогата на колективните постапувачи со отпад од пакувања, од батерии и акумулатори и од електрична и електронска опрема, како и преку презентирање на системите на управување од страна на учесници од други земји, ќе се потврди дека овој модел на постапување со посебните текови на отпад дава најдобри резултати во постигнување на поставените национални цели. На конференцијата се планира да земат учество  претставници на реалниот сектор, лиценцирани постапувачи со овие видови отпад од земјата и од странство, на надлежните институции, како и на општините, на комуналните претпријатија и на другите чинители во процесот на управување со посебните текови на отпадот.

За остварување на поставените цели, Асоцијацијата ги разгледа можностите за организирање заедничка промотивна кампања за подигање на јавната свест на населението, како особено значаен сегмент во реализација на зацртаните цели  во управување со отпадот и зачувување на животната средина.

Во следниот период Асоцијацијата во континуитет ќе го следи донесувањето на рамковниот закон за отпад, како и на законите за посебните текови на отпад и со свои сугестии ќе помогне во дефинирање применливи решенија. Во скоро време членките ќе излезат со своја оценка и ќе дадат свое видување за реалноста за исполнување на националните цели до 2020 година.

Зорица Мешкова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права