13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

24.11.2017


Актуелно  

Одржана седница на Регионалната комора со седиште во Штип – ПРЕКУ ЈАВНО-ПРАВАТЕН ДИЈАЛОГ ДО ПОГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕГИОНОТ НА ШТИП


На 23.11.2017 година во Општина Штип, Регионалната комора со седиште во Штип одржа седница, на којашто присуствуваше и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Седницата ја водеше Наум Барзов, претседател на Регионалната комора со седиште во Штип.

 

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски се обрати пред присутните и притоа истакна: „Ова е прва средба со Комората од овој регион и добро е што се случува уште на почетокот на мандатот. Тоа го ветив на граѓаните, дека мора да има тесна соработка со невладиниот сектор, но и со бизнис секторот, кој е моторот што ја движи економијата, создава нови работни места, и пред се`  затоа што ветивме дека домашниот бизнис сектор ќе го израмниме со странските инвеститори. Сакам да порачам дека во рамките на моите ингеренции ќе излезам во пресрет на домашните компании и ќе ги поттикнеме да инвестираат. Тие ќе ја имаат мојата поддршка и ќе им дадам задача да видам колку се подготвени да инвестираат во нашиот град. Наше е со урбанистички планови и парцели да им овозможиме да инвестираат и да отворат нови фабрики и работни места“.

- Со меѓусебна соработка ќе се залагаме да се зголеми економската активност на фирмите од овој регион, а со тоа ќе придонесеме за подигање на стандардот на нашите вработени, на граѓаните кои што живеат во овој регион, -изјави Наум Барзов.

По дискусијата за приоритетните прашања за подобрување на условите на стопанисување од овој регион, членовите на Регионалната комора преминаа на работа по точките од дневниот ред. При тоа, едногласно ја номинираа Злата Басарова од компанијата „Стрмош Неметали“ од Пробиштип, за кандидат за член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Македонија од Регионалната комора со седиште во Штип.

По однос на втората точка, проблемите во примената на законските решенија во процесот на јавни набавки со предлози за нивно надминување во новиот Закон за јавни набавки, Љупка Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, информираше за досегашните согледувања на Комората за потребата од измени на законските решенија кои го регулираат системот на јавните набавки. Врз основа на дефинираните, но и дополнителните предлози кои беа дадени на оваа седница, како и на седниците на другите облици на организирање и работење на Комората, од страна на членките, Стопанската комора на Македонија ќе ги систематизира сите проблеми, иницијативи и предлози за подобрување на системот на јавни набавки во Република Македонија и ќе ги достави до Бирото за јавни набавки, со цел нивно инкорпорирање во новиот Закон за јавни набавки. Исто така, таа ги информираше присутните за поднесените иницијативи на Стопанската комора на Македонија од 1 јуни 2017 година и статусот на нивна реализација.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип ги презентираше програмските насоки за активности на Регионалната комора со седиште во Штип за 2018 година и сугерираше пред присутните сите да се вклучат со свои предлози и идеи во активностите на Регионалната комора, со цел навремено надминување на предизвиците во нивното работење.

Моника Стоичева











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права