23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Податоци за регионот

Регионална комора со седиште во Кавадарци



 

ПОДАТОЦИ ЗА РЕГИОНОТ КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО, ДЕМИР КАПИЈА, РОСОМАН

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ

„ Звездите над нашето небо ја насочуваат Месечината на пат до срцето твое, а ние со раширени раце и со насмевка на лицето свое ќе ви посакаме ДОБРЕДОЈДЕ„

Општина Кавадарци лежи во Јужниот дел од Македонија со површина од 1132км квадратни и население од 38 937 , каде што стапката на активно население изнесува 62.8%,стапката на вработеност 49.3%,а стапката на невработеност изнесува 21.6.% Во рамките на општината постојат вкупно 55 населени места. Границите на општината на југ се поклопува со државната граница кон Грција, додека на исток се граничи со општина Неготино, на запад со општина Прилеп и на север со општина Велес. Таа зазема најголем дел од Тиквешката котлина која го чини централниот дел од Повардарието.

ВОДЕНИ РЕСУРСИ

 Позначајни реки на територијата на општината се : Црна Река,Дочница,Бошавица и Луда Мара која тече низ градот Кавадарци.Во рамките на општината постојат и две езера: Тиквешкото езеро како најголема вештачка акумулација во Македонија и Моклишкото мало езеро сместено во месноста Моклиште.Тиквешијата се одликува со своевидна модификација на медитеранска клима, планинска и континентална, со што во многу придонесува за развој на економскиот живот на жителите од овој регион.

ЕКОНОМИЈА

Главна гранка на економскиот живот на жителите на Тиквешијата и носител на стопанскиот развој во целиот регион е земјоделието односно лозарството, по кое Тиквешијата е најпозната во Македонија и на Балканот. Лозовите насади во Тиквешијата се распространети на околу 11.000 хектари (8.000 на подрачјето на Општина Кавадарци и 3.000 на подрачјето на Општина Неготино). Тиквешијата претставува најголемо виногорје во Македонија и на Балканот кеде годишно се произведуваат 168 682 kg.грозје , а вкупната површина и производството на лозја е 18 168 kg. по хектар. Најголеми винарски визби се „Тиквеш“ Кавадарци (најголема во Македонија) и „Повардарие“ Неготино, а во поново време се повеќе се отвораат и приватни винарски визби како „Попови“, „Чекорови“, „Пеца-Комерц, „Бовин“ и др.

Од земјоделието исто така многу застапена гранка е и овоштарството пред се одгледувањето на праски и кајсии кои најзастапени се во околината на Росоман.Вкупниот број на стебла-праски е 91 380, а вкупното производство во тони изнесува 2 575 или 28kg. праски  по стебло.

ИНДУСТРИЈА

Индустриските капацитети пред се` се од металургијата и металопреработувачката индустрија. Недалеку од Кавадарци се наоѓа комбинатот за феро-никел „ФЕНИ Мак“ во кој има и слободна економска зона „Долина на Никелот“. Комбинатот „ФЕНИ Мак“ се снабдува со никелова руда од рудникот „Ржаново“ кој заедно со Алшар се единствените рудници во Тиквешијата богати со најразлични видови руди. Други индустриски капацитети и фирми од металската индустрија се „Металекс“ Кавадарци, „ИГМ Трејд“, „МИК“ ,,МЕПОС,, и други.
 
Во Тиквешијата се изградени и 2 хидроцентрали и 1 термоцентрала за добивање електрична енергија: „ХЕЦ Тиквеш“, „ХЕЦ Дошница“ и „ТЕЦ Неготино“.

 

Контакт лице:
Тања Мицева
Тел/Факс: (043) 415 044
Call Центар : (02) 15015
tanja@mchamber.mk

Регионална канцеларија
со седиште во Кавадарци
ул. „7 Септември“ бр.1,
Кавадарци










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права