04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

21.04.2017


Актуелно  

Одржан настан во КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ на тема: „Важноста на емоционалната писменост во работни организации“


      Клубот на менаџери-претприемачи на 21.04.2016 година реализираше едукативното предавање на тема: „Важноста на емоционалната писменост во работни организации“ со м-р Катерина Наумовска-Ристовска, психолог и сертифициран тренер по емоционална писменост.
Денешната тема е многу актуелна и сите многу често си поставуваме прашање Кој се најголемите предизвици со кој се соочувааат компаниите?

 

      Компаниите пред се мораат да се изборат и прилагодат со масовната брзина на промените, потребно е да управуваат со се поголемите количини на информации, работниците треба да бидат се повеќе мотивирани и посветени, потребно е да работат подобро заедно, да се согласуваат и да одржуваат добри меѓучовечки односи, а менаџерите е потребно да ја зголемат лојалноста на клиентите, да ги користат талентите со кој располагаат , да ги препознаваат лидерите, да носат добри одлуки и да постигнат добри релации со вработените. Тоа ќе им овозможи да ги потикнат вработените на искреност, мотивираност, лојалност и задоволство од работата. Токму тука е нагласена важноста на емоционалната интелигенција во работната организација. Доколку таа недостасува, а зачестуваат психолошки игри со текот на времето се јавува незадоволство кај сите кој понатаму негативно се манифесита врз хомеостазата и развојот на работната организација.
      Затоа организациите можат да го зголемат нивото на организациона емоционална интелигенција најпрво преку едукација на менaџментот, бидејќи емоционалната интелигенција ги диференција добрите од просечните менаџери, оние со високи перформанси од оние со просечни  перформанси. Следен чекор е да се образуваат вработените на емоционална интелигенција и  интегрирање на јазикот на емоционална компетенција што би довело до пораст на самосвеснот, организациска снаодливост, меѓусебна соработка и партнерство.

      Емоционалната интелигенција овозможува поединецот полесно да се носи со конфликтните ситуации без преголем стрес и нарушување на хомеостазата на организмот. Развивањето на вештини за самоконтрола, самоиницијатива, учење за соочување со проблемите, фрустрациите и стресот,  учење за носење со емоциите кои произлегуваат од проблематичните ситуации, допринесува развој на квалитетен живот од кој би биле целосно задоволни како менаџерите , така и работниците.
      Согласно Годишната агенда и денес беше одржан настан кој беше многу корисен за менаџерите во Клубот на менаџери - претприемачи при што менаџерите имаат можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од пракса кои се однесуваа на моделите на управување со резултати и квалитет во работењето што поттикна размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права