19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Бизнис-настани

17.10.2018 - 17.10.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА СО ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО


Еднодневна работилница на тема:

ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА СО ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВО ПОГЛЕД НА НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

17.10.2018 година (среда)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 17 октомври 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: Практични аспекти на плаќањето на работата со осврт на новините во трудовото законодавство во поглед на надоместоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работата“, во насока на стекнување практични знаења за законодавната уреденост на едно од најспецифичните прашања од областа на трудовото право: плаќањето на работата.

          Еднодневната работилница својот фокус ќе го стави на повеќе прашања од оваа област, при што обработени ќе бидат: соодветната пресметка на платата со сите нејзини компоненти, надоместоците на плата по основ на боледување и по основ на годишен одмор, надоместоците на трошоците поврзани со работата, порамнувањето и задржувањето на исплаќањето на платата. Посебен осврт ќе биде направен и на Законот за минималната плата и новините кои се однесуваат на нејзиниот раст.

          Работилницата има за цел да им овозможи на присутните лесно да ги применуваат позитивните прописи од оваа област во своето работење, при што ќе се обезбеди двократна правна заштита: како за работодавачите, така и за работниците. Дополнително, правилната и правноиздржаната примена на законските одредби ќе придонесе кон избегнување на ризикот од изрекување  глоба при инспекциски надзор.


ПРОГРАМА

I. ПЛАТА И ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА

- Заработувачката како уставна категорија;
- Законска регулатива: Закон за работни односи;
- Основна плата, работна успешност и додатоци;
- Пресметка на основна плата;
- Пресметка на работна успешност и додатоци на плата;
- Параметри за пресметка на плати за 2018 година;
- Лично ослободување за 2018 година;
- Стапки за пресметка на придонеси за 2018 година;
- Највисока и најниска основица за пресметка на плати за 2018 година;
- Преглед и обработка на практичен пример.

II. МИНИМАЛНА ПЛАТА И РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ПОВИСОК ИЗНОС ОД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

- Законска регулатива: Закон за минимална плата;
- Финансиска поддршка за раст на платите во повисок износ од минималната плата;
- Анализа на подзаконски акт: Правилник за начин на обезбедување финансиска поддршка за раст на платите во повисок износ од минималната плата.

III. НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА БОЛЕДУВАЊЕ

- Пресметка на надомест на плата по основ на боледување
- Исплата на боледување на товар на работодавач;
- Исплата на боледување на товар на Фонд за здравствено осигурување;
- Практични примери.

IV. НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ГОДИШЕН ОДМОР

- Пресметка на надомест на плата по основ на годишен одмор
- Определување за секој вработен одделно;
- Стекнување право за цел годишен одмор;
- Пропорционален дел од годишен одмор;
- Користење годишен одмор;
- Потврда за искористен годишен одмор;
- Надоместок за неискористен годишен одмор;
- Надоместок на плата за годишен одмор и основица за плаќање на придонеси и персонален данок за надоместокот на плата за годишен одмор.

V. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

- Дневници за службени патувања;
- Користење сопствен автомобил за потреби на работодавачот;
- Регрес за годишен одмор и новогодишен надомест;
- Одвоен живот;
- Теренски додаток;
- Практични примери.

VI. ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА

- Основ и услови за порамнување на побарување на работодавач со обврска за исплата на плата;
- Основ и услови за задржување на исплаќањето на плата со посебен осврт на Законот за извршување;
- Административна забрана;
- Налог за извршување врз основа на извршна исправа;
- Претходно исплатен аванс кој сé уште не е оправдан;
- Надомест на штета;
- Парична казна изречена од работодавачот.
- Практични примери и дискусија.


ПРЕДАВАЧИ:

- Сашка Бошковска - Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и
- Викторија Спасовска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.


За сите учесници на работилницата ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на работилницата.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 12.10.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права