Од страна на Министерството за транспорт и врски, сме информирани дека помеѓу Министерството за трапспорт и врски (во име на Владата на Република Македонија) и Меѓународната Финансиска Корпорација (член на Групацијата Светска Банка) потпишаа Договор за соработка со цел подобрување на бизнис климата во Република Македонија.
Главната цел на проектот е да се спроведе длабинска анализа на процесот за одобрување на градежни дозволи во земјата.
За таа цел Ве повикуваме да доставите свои предлози во оваа насока, поточно за подобрување на деловната средина и поддршка на локалниот развој преку подобрување на административната ефикасност и транспарентноста во користење на системот за градежни дозволи. Овие препораки и предлози треба да се однесуваат на намалување на надоместоците, бројот на процедури и еремето за постапување по поднесените барања, како и намалување на можностите за корупција преку рационализирање на процесот за издавање на градежни дозволи.
Ве очекуваме Вашите предлози да ни ги доставите најдоцна до 15. август 2010 година.