23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

03.10.2017 - 03.10.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули


Eднодневен семинар:

Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули (електронски  јавни набавки, дигитално потпишување,  е-аукции/конечна цена), тендерско досие, модул на завршени постапки

3 октомври 2017 година (вторник)
10:00 - 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


            Согласно задолжителното спроведување на електронските јавни набавки предвидени со Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15) и тоа:
            - во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и
            - во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година, како и фактот дека голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) - регистрација, поставување на прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ и слично.

            Имајќи предвид дека голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), регистрација, поставување   прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување и слично, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: Успешно подготвување на електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули (електронски  јавни набавки, дигитално потпишуавање, е-аукции/конечна цена), тендерско досие, модул за завршени постапки. Семинарот ќе се реализира на 3 октомври 2017 година (вторник), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. На семинарот за сите учесници ќе биде обезбеден водичот: „Е-ЈАВНИ НАБАВКИ: ПОДГОТВИ СЕ!“ во кој на едноставен начин се објаснети сите модули, чекори и алатки за правилно користење на ЕСЈН (електронски систем за јавни  набавки), учеството на електронски јавни набавки, сите предизвици во врска со е-набавките во РМ и најчестите грешки при учество со електронска понуда, електронско потпишување, невалиди сертификати, електронски банкарски гаранции итн.

На семинарот ќе се разгледува најактуелна тема е-Јавни набавки...

-   Како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат;
-   Како да се подготви електронска понуда;
-   На што да се обрне внимание при подготовка на понудата;
-   Е-тендерско досие;
-   Профил на економски оператор;
-   Како најбрзо да дознаете за новите објавени тендери;
-   Електронски аукции/конечна цена и ефектите од нивна задолжителна  примена;
-   Придобивки од правилно користење на електронскиот систем за јавни набавки;
-   Придобивки од електронско спроведување на постапките;
-   Негативни референци;
-   Зголемување на довербата и унапредување на системот за јавни набавки.

 

Програма на семинарот:

-   Хартиени vs електронски постапки за јавни набавки;
-   Насоки за подготовка на електронски понуди;
-   Пребарување на објавени тендери и договори;
-   Електронски систем за јавни набавки – корисни алатки и е-аукции/конечна цена;
-   Дигитални потписи и начин на аплицирање;
-   Најчести грешки!

 

 Семинарот и Водичот „е-Јавни набавки: Подготви се!“ е наменет за ...

... сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат или имаат интерес да учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за:
-   лицата кои ги подготвуваат и поднесуваат понудите;
-   менаџментот кој одлучува за содржината на понудите;
-   како и за договорните органи кои од друга страна се заинтересирани за добивање на „најдобра вредност за парите“ при набавката на стоки, услуги и работи.

 

      

Прирачникот ќе ви помогне добро да се подготвите за преизвиците кои следат и да добиете одговор на многу прашања и дилеми во врска со е-набавките и тоа:

-   како до успешно учество во електронски јавни набавки?
-   како и на што да се внимава при изготвување на електронска понуда!
-   Банкарска гаранција (електронска/хартија)
-   што и кој дигитално потпишува?
-   кој дигитален сертификат да се набави и као да се аплицира на документот?
-   кои се најчести грешки во електронските постапки?
-   тендерско досие
-   како да се решат одредени предизвици во пракса?
-   најдобра европска пракса и искуства
-   предлози за подобрување и унапредување на електронските јавни набавки во РМ.

Предавачи се експерти од Бирото за јавни набавки:
- м-р Марија Јованоска
- м-р Горан Давидовски

Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

-   примерок од најновото издание на водичот  „Е-Јавни набавки: Подготви се!“

-   работен материјал;
-   ручeк и освежување;
-   сертификат за присуство на семинарот.

 

Сите заинтересирани за присуство на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 2 октомври 2017  година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права