28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

31.05.2018 (Инфо сесија)
ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Одлуки и иницијативи

Здружение на трговијата


19.09.2017

 

Здружението на трговијата и Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ ги разгледаа спорните прашања и утврдија заеднички заклучок во врска со утврдувањето на цените на сметководствените услуги


На иницијатива на членките на Здружението на трговијата, на седницата одржана на 19.09.2017 година во Стопанската комора на Македонија, се разгледа прашањето во врска со утврдувањето на цените на сметководствените услуги и донесените акти од страна на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), кои во изминатиот период им создаваа проблеми на трговците, од аспект на драстично зголемените цени согласно критериумите наведени во предлог-актите кои ги донесува Институтот. Трговците укажаа на определени практични проблеми со кои се соочиле изминатиот период, поврзани со понуда на договори од сметководствените бироа со кои соработувале, во кои цената на услугите за кои дотогаш плаќале определени договорени износи, се зголемиле неколку пати повеќе. Притоа, дел од присутните посочија и дека согласно информациите кои ги добиле од своите сметководители , причината за тоа се новите акти на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) според кои се утврдени критериуми и минимални цени за сметководствените услуги.
http://m.mchamber.mk/(S(tpe03j33ice0k3q3h0hwcl45))/default.aspx?lId=1&mId=55&evt=2&evId=34947

21.03.2017

Ефектите на измените воведени со новиот Закон за нотаријатот и новиот Закон за извршување врз работењето на деловните субјекти од секторот трговија

Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 21.3.2017 година,  расправаше за ефектите на измените воведени со новиот Закон за нотаријатот и новиот Закон за извршување врз работењето на деловните субјекти од секторот трговија. Членките на Здружението истакнаа дека новите законски измени донесоа нови, зголемени трошоци во тековното работење, спротивно од заложбите од јавната расправа, за избегнување од дополнителни оптоварувања на стопанството. http://www.mchamber.mk/(S(qpxs0h55w2qwys555acfqsmg))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=34581

10.11.2016

ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И НЕЛЕГАЛНАТА ТРГОВИЈА ВО МАКЕДОНИЈА - тема на состанокот на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија

Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на  седницата одржана на 10.11.2016 година,  расправаше за Предлог-измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите и за состојбата со нелегалната трговија во Република Македонија. Повеќе на http://www.mchamber.mk/(S(2s0tksre5zs3na45uek2cjak))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=34271

07.11.2016

Предлог за поведување иницијатива за изменување и дополнување
на Законот за заштита на потрошувачите

Во Законот за заштита на потрошувачите  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2004, 77/2007; 103/2008; 24/2011 и 164/2013), со одредбите на чл. 12, 13 и 14 се регулирани прашањата кои се однесуваат на распродажба на производите. Истите одредби, со оглед дека не се доволно прецизни, во досегашната пракса се применуваат на распродажбите на сезонските производи, на производите кои се исфрлаат од продажба, производи со грешка, производи на кои им истекува рокот на траење, но и за сите други видови на продажба со различна продажна цена од редовната..
Кај компаниите кои вршат дејност трговија на мало (маркетите) има потреба од различни причини и видови на промени на продажните цени кои не се опфатени со овој Закон.
Комплексниот начин на работа на маркетите во делот на информирањето на купувачите и спроведувањето на маркетиншките активности за подобро истакнување на предностите на секој субјект и поттикнување на продажбата, ја наметнаа потребата од допрецизирање на овие одредби со опфаќање на можноста за намалување на одредени цени за одредени произвиоди за определен период - за еден ден, викенд, недела, еден месец, како и за производи за определена намена – цвеќе за 8-ми март, школска програма и слично.
Поради наведените причини, а како не би имало дилеми, трговците предлагаат Законот да предвиди повеќе различни облици на продажба кои би ги опфатиле сите облици кои и сега трговците во Македонија и сите други земји ги применуваат. Примери за такви закони има во некои европски држави (Република Хрватска, Република Бугарија).
Трговците предлагаат да се предвидат повеќе облици на продажба како и соодветните пропратни елементи: како да бидат означени во маркет, изложени во маркет, времетраење пред и по воведување, итн.

Предлог за дебата на седницата на Здружението на трговијата:
Распродажба – артикли кои нема повеќе да се продаваат, крај на сезона, затварање на објект. Рок – до распродажба на залихите на трговецот. Означување – Распродажба или Акција, стара и нова цена, процент – не мора. Позиционирање – за малопродажба не мора да е физички одвоено.

Акција – редовни артикли со друга цена од разни маркентиншки причини: пробивање, привлекување на артикли, леток. Рок – стара цена пред акција мин. 30 дена, акциска цена 1 до 2 месеци. Означување - Акција, стара и нова цена, процент – не мора. Позиционирање – за малопродажба не мора да е физички одвоено.

Акција – краток рок. Исто како Акција. Рок – до истек на рок, не подолго од 1 до 2 месеци. Означување - Да се размисли дали купувачот да биде инфомиран дека ќе купи артикал со пократок рок од вообичаено - да се има предвид дека производ со редовна цена до последен ден од рок не мора да биде означен. Освен тоа тешко може да се прати. Позиционирање – за малопродажба не мора да е физички одвоено.
 
Сезонски намалувања – обично се однесува за текстилна, модна индустрија. Во малопродажба нема вакви сезони т.е. има многу повеќе сезони за многу различни производи. За малопродажба исто како Распродажба.

Намалување, трајно намалување – има разлика со Акција. Содржи интенција дека цената ДОЛГО ќе биде намалена, а не како акција која обично трае за викенд, 1 недела, 1 месец. Како да се спречи нелојалниот трговец кој сака да се промовира дека намалува цени, а всушност прави краткорочна акција. Да определи минимален период за намалената продажна цена. Предлог мин 3 месеци.

Ново – за нов производ во програмата. Рок – 1 месец. Означување – ново. Позиционирање – за малопродажба не мора да е физички одвоено.

Други имиња за намалувањата. Вообичаено Законот не ги ограничува маркентишките идеи на трговците и тие смеат да употребуваат и други називи. Би требало да се знае под кој облик припаѓа конкретното намалување.

Да се даде толкување или законски да се одреди дека влезните цени не се никако поврзани со облиците на продажба, т.е. не треба да се предмет на контрола и толкување од страна на Законот, што сега е случај и ги оневозможува скоро сите од гореспоменатите облици на продажба.  

03.02.2015

Здружението на трговијата бара измени во низа законски прописи - ДРАСТИЧНИ НАМАЛУВАЊА НА ПРЕДВИДЕНИТЕ КАЗНИ

Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на 3.02.2015 година, расправаше за актуелните состојби во трговијата во Република Македонија и за законските решенија што имаат влијание врз работењето на стопанските субјекти од областа на трговијата, а посебно за законите од областа на финансиите, архивското работење  и од областа на работните односи http://www.mchamber.mk/(S(qsbopv45qlwget55j35ppaul))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=28709

11.11.2014

Најавена странска инвестиција

Здружението на трговија при Стопанската комора на Македонија,  на барање на претставниците од Амбасадата на Украина, организираше работен состанок на најголемите маркети во Република Македонија со потенцијален инвеститор од Украина. Тема на состанокот е пласман на пилешко месо, кое би го произведувал инвеститорот од Украина, кој најави отворање на неколку живинарски фарми на територијата на Република Македонија.
На работната средба што се одржа на 11.11.2014 година во Стопанската комора на Македонија, членките на Здружението на трговија ја изразија спремноста са соработка и најавија дека ќе ги понудат своите продажни капацитети за пласман да домашното производство на пилешко месо.                            http://www.mchamber.mk/(S(4clcds45fvt4ztac25cpwl55))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=27646

14.10.2014

Здружението на трговијата и Македонската музичка индустрија се договорија - ГОЛЕМ ПОПУСТ ЗА ЈАВНО СООПШТУВАЊЕ НА ФОНОГРАМИ И ИЗВЕДБИ
Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија и Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи „ММИ“ - Скопје, одржаа работен состанок на 14.10.2014 година. На состанокот се расправаше за висината на надоместоците за јавно соопштување на фонограмите и изведбите согласно важечкиот Правилник на ММИ и Одлуката на ММИ со која се намалуваат износите за членките на Здружението на трговијата во однос на важечкиот Правилник                                                                                                                                            http://www.mchamber.mk/(S(bthm1p454hjzaf55uwmi0ark))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=27206

14.10.2014

Здружението на трговијата го усогласи текстот за иницијатива за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите - ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕРМИНОТ АКЦИСКА ПРОДАЖБА ВО ТРГОВИЈАТА
На работна средба на членките на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија со претставници од Министерството на економија на Република Македонија и Државниот пазарен инспекторат, се  расправаше за покренатата иницијатива за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите.                                                                                                                         http://www.mchamber.mk/(S(ibbrjrvrkjmu4ojecdzecueo))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=27207

 

17.09.2014
Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија  расправаше за тековната состојба на трговијата во Република Македонија и  покрена иницијатива за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите, во делот за акциски распродажби (17.9.2014 година). http://www.mchamber.mk/(S(yvpfd4a0ahotfbyu3gp3aozr))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=26794

05.06.2014
Здружението на трговијата при Стопанската комора наМакедонија, на 5 јуни 2014 година пред своите членки ги презентираше податоцитеза трговската размена на Република Македонија со земјите од светот.Презентацијата ги опфати податоците за периодот од 2013 година и првите тримесеци од 2014 година. Притоа, беа анализирани податоците за трговската раменаспоред: земјите на увоз и извоз; земјите и производите на увоз и извоз;тарифните броеви на производите и според земјите на извоз и увоз; регионите на извоз и увоз (Европска унија,балкански земји и др.); учество на одделни производи во структурата на извозоти увозот; како и други конкретни податоци на барање на членките http://www.mchamber.mk/(S(eyfxyu455jc0hs55xjldb53u))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=25832 
23.4.2014
Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија на редовната седница, расправаше за тековната состојба на трговијата во Република Македонија и за очекуваните ефекти од примената на законските решенија врз работата на компаниите од трговијата: Закон за финансиска дисциплина и Закон за задолжница; Закон за вонсудско спогодување и Закон за заштита на потрошувачите...
http://www.mchamber.mk/(S(j1yemc55jsv5txephinf5445))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=25144 
Здружението на трговијата  го разгледа текстот на  работната верзија на Книга трета на Граѓанскиот законик на Република Македонија 11.03.2014

СУШТИНСКИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА РЕГУЛАТИВАТА ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ

Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 11.3.2014 година, го разгледа текстот на  работната верзија на Книга трета на Граѓанскиот законик на Република Македонија, што се однесува на облигационите односи. Притоа, беа  дадени суштински забелешки, особено за уредувањето на материјата на облигационото право како дел од граѓанскиот законик, по кои правната материја е поделена во повеќе делови и тоа: настанувањето, дејствата и престанувањето на обврските; разни видови обврски; промена на страната на доверителот или на должникот; посебни договори и друго. 
Се расправаше за бројните начела: терминот „закони“ е заменет со „присилни прописи“ од причина што законите, особено оние во граѓанското право, а посебно Законот за облигационите односи, во себе не содржи само норми од императивна (присилна) природа, туку и (резервни) диспозитивни норми. Оттука замената на терминот „закони“ со „присилни прописи“ е во насока на појасно определување на оваа граница на слободата на договарањето. Следната измена е во поглед на добрите обичаи со додавање на „моралот“  во загради како дополнителна одредница на добриот обичај. Имено, моралот во оваа смила треба да се сфати како прифатен стандард настанат преку долготрајна примена на добрите обичаи.
Со предлогот се воведува (ново) начело: „начело на должност на соработка“ преку кое  дополнително се истакнува координацијата како метод на уредување на облигационите односи, начелото на справедливост, начелото на должно внимание во извршувањето на обврските и во остварувањето на правата од облигационите односи. Дадени се две алтернативи на „Начело на заштита на потрошувачите“ (наслов содржан во предлогот, односно член со постојан наслов „Обврски спрема граѓаните како потрошувачи и корисници на услуги“). 
Се реагира и во начелото на мирно решавање на споровите. Дополнително во ова начело медијацијата јасно се воведува како еден од механизмите за мирно решавање на споровите.  За договарање на надлежноста на Арбитражата за решавање на евентуалните спорови меѓу деловните партнери, се препорачува во договорите да се внесува следнава клаузула:
„Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, вклучувајќи ги споровите за неговата полноважност, ќе се решаваат пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во согласност со одредбите на Правилникот на Постојаниот избран суд - Арбитража".
 
Во настанувањето на обврските,  „настанување на договор“ и “склучување на договор“ се прецизираат  последиците од несклучување на договор кој инаку задолжително треба да се склучи. Се дефинира прашањето на последиците од несериозна изјава на волја, се уредуваат општите прашања на преговорите и нивното дејство и прашањето на трошоци на договарањето, понудата и нејзиното прифаќање, се даваат законски дефиниции на различните видови форми на склучување на договорите  и истите јасно се дефинираат, условувањето и орочувањето на договорите, уредување на капарот и пишманлакот како споредни договори на зајакнување на договорите, застапувањето и полномошното, неважноста на договорите, ништовност и рушливост и одговорноста за штетата кога двете или повеќето страни се виновни за ништовноста, двострани договори, концептот  на битна повреда на договорот како основа за раскинување на договор поради неисполнување, а се воведува општо правило за небитна повреда на договорот кое е замена на сегашното правило за раскинување на договорите кога рокот е суштествена состојка.
При прекумерното оштетување и  измена на договорот, покрај негово поништување  се воведува исклучок од примената на правилата, односно неможност да се бара поништување на трговски договор, на договорот на среќа, на договор склучен при јавна продажба, на договор за порамнување,
Интервенциите во поглед на уредувањето на облигационите односи што настануваат со причинување штета се во повеќе насоки. И на одговорноста за склучување договор.   
Кај казнената камата е направена поголема интервенција, заради усогласување со Директивата 2011/7/ЕУ (Директива 2011/7/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 февруари 2011 година за борба со задоцнетото плаќање во комерцијалните трансакции (ревидирана)). Се воведува нов член со кој се прецизираат видовите стапки на казнена камата, стапка на законска казнена камата и стапка на договорна казнена камата.  Во поглед на начинот на пресметка на казнената камата се предлага решение според кое таа ќе се врши само според бројот на денови на задоцнување без оглед на пресметковниот период за кој се врши пресметката.
Потребно е допрецизирање при престанувањето на обврските, разните видови обврски, промената на страната на доверителот или на должникот, во поглед на цесијата и кај преземањето на долгот.
Посебен интерес присутните искажаа за понудените решенија за договорите за продажба, за замена, за заем, договор за дар, договор за отстапување имот за време на живот, за доживотна издршка, договор за закуп (со подвидови), наем, послуга, за дело. Потоа, за договорот за градење, договор за ортаклак (заедница) и посебни видови договор за ортаклак, договор за превоз, договор за лиценца, депозит, складирање, налог, комисион, договор за трговско застапување, за посредување, за експедирање (шпедиција). Специфични се и договорите за организирање патување, договорот за ангажирање на угостителски капацитети (договор за алотман), осигурување, гаранција, залог, упатување (асигнација), банкарска тековна сметка, сеф, кредит и за кредит врз основа на залог на хартии од вредност, договорот за акредитиви и другите видови договори.
Здружението на трговијата расправаше и за очекуваните ефекти од примената на новите законски прописи и за потребата од измена на Законот за заштита на потрошувачи, Законот за финансиска дисциплина и други закони што директно влијаат на работењето и резултатите од работењето на компаниите од трговијата.
                                                                                                          Лазо Ангелевски

Информација од седницата на Здружението на трговијата, одржана на 17.10.2013 година

- Посебно внимание беше посветено на разгледување на работната верзија на текстот на Законот за уредување на рокови за намирување на паричните обврски настанати приделовни трансакции изготвен од страна на Министерството за фанансии.

Трнувајќи од огромното значење што предложениот, таканаречен, Закон за финансиска дисциплина го има за економско-финансискотоработење на компаниите од трговската дејност, на седницата се водеше исцрпнарасправа.

Членките на Здружението дадоа начелна подршка задонесување на овој закон, оценувајќи дека истиот ќе продонесе за подобрување нафинансиската дисциплина на пазарот на стоки и услуги.

Како основа водискусијата, покрај доставениот текст на предлог на Законот, послужи и воведнатапрезентација на Стојмирка Тасевска, директор при Стопанската комора наМакедонија за суштината и значењето на истиот како и за Директивите на ЕУповрзани со оваа проблематика од чии што препораки произлегува и обврската за неговодонесување.

Тргнувајќи од основните начела на директивите за “Јакнење на финансиската дисциплина“ и за“Зголемена ликвидност на стопанскитесубјекти“, препораките одеа во насока на:

 
  • придржување надоговорениот рок на исплата;
  • да се скрати периодот за исплата на договоритево јавните набавки на стоки и услоги, домах. 60 дена;
  • соодветна надокнада за задоцнетата исплата, регрес за индиректните штети;
  • да обезбедатгаранција со соодветна процедура наобештетување;
  • државите членки да обезбедат најповолен период на исплата;
  • да го признаат правотона доверителот за наплата на каматата за долгот кој не е исплатен во законскиотрок.

Со цел изградување попрецизен ставна Здружението во врска со текстот на законот, имајќи ја предвид содржината наДирективите на ЕУ, како и спецификите на домашниот пазар, на фирмите им сеостави дополнителен рок од една недела да направат подетални аналитичкисогледување за примената на истиот во поглед на одредени негови сегменти какошто се роковите за наплата на побарувањата, како и за други отворени прашања (особенона релација јавен-приватен сектор), не испуштајќи го предвид фактот дека секојафирма во пракса се јавува и како доверител и како должник во истовреме.

- Согласно обврските што произлегуваат од измените на Законот за заштита напотрошувачите, Здружението на трговијата донесе Кодекс на етичко однесување воработењето на своите членови со цел позитивно да се влијае за меѓусебна фер-конкуренцијаи заштита на потрошувачите на пазарот.

Уште во фазата на покренување на оваа иницијатива од страна на Министерствотоза економија, врз основа на посебен Заклучок на Владата на РепубликаМакедонија, членовите на ова Здружение истакнаа дека лојално и фер однесувањена пазарот меѓу нив секогаш имало и ќе има и без потпишан заеднички кодекс,меѓутоа во функција на позитивно влијание на односите на пазарот беше изразенаподготвеност нивниот не пишан усмен кодекс да го стават и на хартија. Тоа и гонаправија.

- Информативно, на членките им беадоставени и Нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на одделнистоки во трговијата, коишто во форма на Правилник се донесени и објавени во СлужбенВесник на РМ бр. 160/2013 година, а со примена од 1 јануари 2014 година. Преку доставените споредбени табели членките имааможност да се доинформираат за разликите меѓу предложените нормирани износи накало, растур, крш и расипување од страна на Здружението и донесените од странана законодавецот. Беше нагласен придонесот на Здружението во комплетнитеактивности при нивно донесување, знаејќи ги финансиските ефектите од применатана еден ваков пропис.

Информација од Работниот состанок на Здружението на трговија, одржан на 03.07.2012 година, во Стопанската комора на Македонија

На 03 јули 2012 година, во Стопанската комора на Македонија, се одржа работен состанок со претсавници на најзначајните трговци на мало на алкохолни пијалоци и на производители на алкохолни пијалоци од земјата со цел надминување нa одредени отворени прашања поврзани со високите трошоци за продолжување на важноста на лиценцата за продажба на алкохолни пијалоци во трговијата на мало, а во функција на утврдување на заеднички предлози за нивно институционално решавање. >>>

Информација од Работниот состанок со претставници на најзначајните компании од земјата во трговија на големо и на мало, како идно координативно тело за унапредување на работатата на Здружението на трговијата, одржан на 05.06.2012 година, во Стопанската комора на Mакедонија.

Во насока на заедничко согледување и непосредно информирање за актуелните состојби и за проблемите со коишто се среќаваат стопанските субјекти од дејноста трговија, како и со цел за преземање на потребни активности за нивно институционално разрешување, во Стопанската комора на Македонија, се одржа работен состанок на кој во функција на координативното тело при Здружението на трговијата, присуствуваа претставници на најзначајните компании од трговијата на големо и на мало, коишто се и најзначајни носители на активности од оваа стопанска област воземјата. >>>

Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија , на состанокот одржан на 26.08.2008 година, изразувајќи го својот револт за нетранспарентната постапка на донесувањена Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија и Правилникот за минимално-техничките услови на продажниот објект во кој се врши продажба на алкохолни пијалоци, ги донесе следните заклучни констатации: >>>

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Анета Трајковска
Тел: (02) 3244041 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: aneta@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права