25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Бизнис-настани

03.07.2018 - 03.07.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА


Еднодневен семинар на тема:

ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

3.7.2018 година
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
  

          Корупцијата е еден од основните елементи на општествен неквалитет и како таква мора да се анализира, открива и сведува на најмало ниво. Борбата против корупцијата, всушност е борба за квалитет на општествената заедница каде и да е, кога и да е и на кое и да било ниво.

Што е ISO 37001?

          Стандардот ISO 37001 содржи услови за воспоставување, имплементација, одржување, надзор и подобрување на системот за управување со антикорупција. Овој стандард е наменет за сите видови организации од различни сектори и за секој вид подмитување со кое можете да се соочите. Освен тоа, може да се имплементира како самостоен стандард или да биде интегриран со други системи за управување. 

Зошто е важно управувањето со системот за борба против корупција?
          ISO 37001 служи како рамка за претпазливост на организацискиот интегритет и помага во борбата против ризици поврзани со подмитување и поттикнување пристојна работна култура. Помагаат организацијата да спречи, препознае и да реагира на подмитување, придржувајќи се до Законот за спречување на мито и доброволни обврски кои се применуваат на тие активности.

ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ:
          Семинарот за вовед во ISO 37001 Ви овозможува да ги разберете основните поими на системот за борба против подмитување (ABMS). Со учеството на воведниот семинар ISO 37001, ќе ја разберете важноста на системот за борба против подмитување и предностите кои организацијата, општеството и Владата ќе ги добијат. Ќе ги научите поимите, методите, техниките и пристапите кои се користат за имплементација на системот за борба против давање мито. Ќе ги разберете основните елементи на системот за борба против подмитување (ABMS).


ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ?
          Семинарот е наменет за менаџери во организации одговорни за управување со антикорупција, како и останати вработени кои се вклучени во процесите на идентификација, процена, следење на ризиците од корупција во организацијата, како и сите оние кои сакаат да се стекнат со знаења за главните процеси на системите за борба против давање мито (ABMS).
Предности на ISO 37001 системот за управување против корупција:
-Смалување на ризиците поврзани со подмитување со примена на финансиска контрола во рана фаза;
o Континуирано подобрување на праксата за борба против подмитување;
o Постигнување конкурентна предност;
o Осигурување дека бизнис соработниците и корисници се посветени кон   поттикнување на процесите.
o Привлекување нови работи;
o Спречување, откривање и решавање на ризиците од подмитување;
o Зголемување на меѓународното признавање;
o Поттикнување доверба;
o Намалување на трошоците;
o Спречување на судир на интереси;
o Промовирање култура против корупција.

ПРОГРАМА:
o Што е ISO 37001?
o Зошто е важно управувањето со системот за борба против корупција?
o Дефинирање на корупцијата;
o Основни карактеристики на корупцијата;
o Содржина на стандардот ISO 37001:2016;
o PDCA  круг во борба против корупцијата.

Предавач: 
 Игор Ќика
, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Поседува петнаесетгодишно искуство со кое се стекнал на работното место директор на логистика во различни области („Застава“ – Сомбор - автомобилска индустрија, „GENEL“ - бренд „HOUSEL“ и застапник за бела техника од брендовите „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“ за Србија, STAV- овластен дистрибутер на „Samsung“ за Србија и Црна Гора). Ги организирал и управувал со логистичките центри задолжени за дистрибуција на стока  од висок квалитет и за истакнати производители во Србија и Црна гора – „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“, „Samsung“. Организирал послепродажна поддршка за брендовите „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“, „Samsung“ во Србија и Црна Гора. Во периодот од 2012-2013 година бил ангажиран од страна на УНИДО како национален експерт за логистика и обука во Проектот за елиминирање на CFC-гасови. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting“ ДОО - Нови Сад, од 2010 година раководел со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, БиХ. Лиценциран тренер за систем менаџмент од страна PECB.

За PECB: www.pecb.com   
PECB (Professional Evaluation and Certification Board) е меѓународно сертификационо тело за лица, системи за управување и производи со широк спектар меѓународни стандарди. Како глобален провајдер на услуги за обуки, преглед, ревизија и сертификација, РЕСВ ја нуди својата стручност во повеќе области, вклучувајќи и информациона сигурност, ИТ, континуитет во работење, управување со услуги, системи за управување на квалитет, ризик и управување, безбедност и здравје, заштита на животната средина и антикорупција.  

Работен јазик: српски. 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување: 27.6.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права