29.03.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКА

29.03.2017 (Семинар)
Бесплатни обуки во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси

30.03.2017 (Семинар)
Дводневен семинар на тема:РИЗИЦИ ВО ИТ-РАБОТЕЊЕТО

31.03.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ „READY2GO" ВО САД, КАНАДА, ЧИЛЕ, КАМЕРУН И ИНДИЈА

02.04.2017 (Конференција)
"ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР"- Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата,2-4.4.2017- ДУБАИ, УАЕ

05.04.2017 (Настан)
ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

06.04.2017 (Бизнис средби)
Бизнис-средби „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ 6 април 2017 година, Софија, Република Бугарија

06.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар:ДИГИТАЛНА ТРАНФОРМАЦИЈА - СЕГАШНОСТ И ИДНИНА

10.04.2017 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема: УПРАВУВАЊЕ СО МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

11.04.2017 (Форум)
ФОРУМ СО РАБОТОДАВАЧИ и АВРМ - Битола

11.04.2017 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

12.04.2017 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Building Europe 2017“ - (градежен и енергетски сектор)

20.04.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

20.04.2017 (Саем)
22. Саем за екологија и 43. Саем за прехрана- 20 – 23 април 2017 Будва, Р. Црна Гора

20.04.2017 (Бизнис средби)
Билатерални средби меѓу македонски и турски компании- 20.04.2017, Скопје

24.04.2017 (Бизнис средби)
„Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

28.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

20.03.2017


Актуелно  

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПРИЛЕП ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ПОДРАЧНАТА СТОПАНСКА КОМОРА НА БАЊА ЛУКА, РЕПУБЛИКА СРПСКА


Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп на 15.3.2017 година, повеќечлена делегација од Прилеп оствари работна посета на  Подрачната стопанска комора на Бања Лука, Република Српска. Во делегацијата покрај претставникот на Регионалната комора со седиште во Прилеп Ристо Најдоски, учествуваа и раководни лица на повеќе компании и институции од Прилеп и тоа: АД „Витаминка“, „Прилепска пиварница“, Месната индустрија „Марфил“, „Мермер Империјал“, Винарницата „Пирган“, од прехранбената индустрија „Дониа“, Фабриката за амбалажа „Бравадо“ од Прилеп, како и д-р Стевчо Димески,  регионален директор на Стопанска банка АД - Скопје, член на Управниот одбор во Регионалната комора со седиште во Прилеп.

 

Работната посета се реализира на покана на Подрачната стопанска комора на Бања Лука и Општината Бања Лука, со цел да се воспостави меѓусебна соработка и по можност истата да се прошири во повеќе области, базирана на економските потенцијали на двата региона, како и посета на Саемот за градежништво, декор и дизајн  „ГРАМЕС 2017“ во Бања Лука, кој се одржуваше во истиот термин од 15-18 март 2017 година.

За време на дводневниот престој на делегацијата, во Подрачната стопанска комора на Бања Лука се оствари средба со раководството на Комората, при што се потпиша Спогодба за меѓусебна соработка меѓу двете комори. Од страна на  Регионалната комора со седиште во Прилеп во рамките на Стопанска комора на Македонија беше претставена организационата поставеност и нејзиното функционирање, како и економските потенцијали и ресурси на регионот што го покрива оваа Комора. Раководството на Подрачната стопанска комора на Бања Лука  ја презентираа нивната комора која функционира во единствениот коморски систем на Република Српска заедно со пет други подрачни комори организирани по моделот на австриската и германската комора со задолжително членство.

Регионот што го покрива Подрачната комора од Бања Лука ги опфаќа градовите: Бања Лука и Приједор, како и 19 општини и тоа: Градишка, Источни Дрвар, Језеро, Кнежево, Козарска Дубица, Котор Варош, Крупа на Уна, Костајница, Купрес, Лакташи, Мркоњиќ Град, Нови Град, Оштра Лука, Петровац (Дрниќ), Прњавор, Рибник, Србац, Челинац и Шипово.

За време на средбата посебно се нагласи економската соработка меѓу Македонија и Република Српска, како и регионот на Бања Лука со Македонија, за што се констатира дека меѓусебната размена за 2016 година изнесува околу 30 милиони САД долари, а постојат  реални предуслови таа да биде многу поголема.

Во продолжение на престојот во Бања Лука се посетија компаниите „Фрутела Гроуп“, „Фратело Траде“ и „Огимил“ кои соработуваат со македонски компании од областа на прехранбената индустрија и винарството.

Исто така, се реализира посета на Саемот за градежништво, декор и дизајн „ГРАМЕС 2017“ на кој излагаа повеќе од 200 компании од Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Австрија и др. На Саемот претежно учествуваа компании од градежната индустрија, обновливите извори на енергија, од преработувачката индустрија, електроиндустријата и информатичката технологија.

За време на посетата на Саемот се реализира и средба со директорот на Саемот Драгољуб Бојаниќ, кој изрази големо задоволство за посетата, посакувајќи и компании од Македонија да учествуваат на саемските манифестации кои ги организира Саемот од Бања Лука. Разгледувајќи го Саемот, претставниците од Македонија остварија контакти со повеќе излагачи на Саемот, со цел да  воспостават меѓусебна  соработка.


На крај од  работната посета на Подрачната стопанска комора од Бања Лука договорено е да се продолжат меѓусебните контакти и да се оствари возвратна посета на нивна делегација во Прилеп во текот на јуни 2017 година.

Ристо Најдоски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права