Exporters Club

Основни информации

На 05 декември 2017 година во Стопанката Комора на Македонија се одржа конститутивната седница на ново-формираниот Клуб на извозници.

Основната цел на Клубот на извозници во рамките на Стопанската комора на Македонија е да им помага на своите членови во нивната надворешна трговска дејност. Задачите и дејностите на Клубот на извозници се насочени кон создавање реални услови за освојување нови пазари, како и надминување на различните околности кои се поврзани со пристапот до нови пазари, а сe уште претставуваат значајна пречка за домашните деловни субјекти (вклучувајќи ги, меѓу останатото, нецаринските бариери, различните прописи, неусогласените законодавни системи, недоволното знаење за критериумите на извозните пазари, продажни канали, логистика и услови за испорачување, недостаток од маркетиншки и продажни вештини и сл.).Клубот на извозници во наредниот периодот ќе има за задача да им помага на своите членови во нивното надворешно-трговско работење, со цел развивање на трговските контакти и насочување на нивните извозно-увозни можности за повисоки облици на соработка, со цел надминување на сите проблеми кои во моментот претставуваат пречка за зголемувањето на извозот на домашните компании.

Клубот на извозници  ќе остварува активности преку стимулирање на соработката, информираноста, контакти со странски, коморски, деловни и други партнери и формирање на општи ставови по проблеми и прашања од взаемен интерес како:

I. Институционална соработка;
II. Меѓународна соработка и промоција;
III. Едукација.

Членувањето во Клубот на извозници е доброволно. Членови на Клубот можат да бидат сите деловни субјекти, кои имаат интерес да членуваат во Клубот заради унапредување на нивното надворешно-трговско работење. Член на Клубот се станува со потпишување пристапница со која се изразува интересот за членство и соработка во Клубот.

За претседател на Клубот на извозници за периодот од наредните две години е избран Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“ ДОО -  Виница, додека за потпретседател на Клубот едногласно беше избран м-р  Горан Антевски, од компанијата „Раде Кончар – ТЕП“ ДООЕЛ - Скопје.

Од активностите на клубот на извозници:

05.12.2017
ОСНОВАН КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Усвоени акти за работа на Клубот на извозници:
- Правила за организација и начинот на работа на Клубот на извозници
- Одлука за избор на претседател и потпретседател на Клубот на извозници
- Програма за работа на Клубот на извозници
- Одлука за утврдување на висината на надоместокот кој го плаќаат членовите на Клубот на извозници



Contact address:
Economic Chamber of Macedonia
st. Dimitrie Chupovski, 13
1000 Skopje
Contact: Sanja Nikolova
Tel: ++ 389 2 3244091
Fax:++ 389 2 3244088
E-mail: sanja@mchamber.mk









Brilliant Patron Member

Premium patron Members

Standard patron Members

Silver patron Members

Partners

State Institutions

International Institutions

© 2008 Economic chamber of Macedonia, all rights reseved