НОВ ТАРИФНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОЦИТЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ И КОНЦЕСИИ ЗА ВРШЕЊЕ ДЕТАЛНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА И КОНЦЕСИИ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 24 ОД 4 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 76 став (1) од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), Владата на Република Северна Македонија, донесе

- Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини

Со денот на отпочнувањето на примената на овој тарифник престанува да важи Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр. 65/14, 157/14 и 30/15).

Овој тарифник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, a ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2021 година.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје