23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Податоци за дејноста

Здружение на банкарството


Извештај за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во 2016 година


Во 2016 година, и особено во првата половина од годината, активностите на домашниот банкарски систем беа под силно влијание на нестабилната политичка состојба во земјата, придружена со шпекулации за девалвација на курсот на денарот и за стабилноста на домашните банки и депозитите вложени кај нив. Шпекулативните притисоци во еден неизвесен политички амбиент доведоа до разнишување на довербата на јавноста во банкарскиот систем (особено изразено кај домаќинствата) и повлекување на депозитите од страна на нефинансиските субјекти во април и мај 2016 година. Повлекувањето на депозитите беше проследено и со повисока склоност на домаќинствата за располагање со девизна готовина и девизни депозити, што предизвика повисока побарувачка на девизи на менувачкиот пазар и на девизниот пазар.

Неповолните движења на девизниот и депозитниот пазар наметнаа потреба од интервенции на Народната банка за смирување на состојбите на девизниот пазар, како и заострување на монетарната политика, преку зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на стапката на задолжителна резерва за обврските на банките во денари со девизна клаузула. Исто така, се реактивираа аукциите на девизни депозити кај Народната банка, и тоа по поповолни договорни услови (каматна стапка), така што за банките стана поисплатливо да ги чуваат девизни ликвидни средства во земјата (како одговор на зголемената побарувачка на девизи од клиентите на банките), што се очекуваше да има позитивни преносни ефекти и врз пасивните каматни стапки на банките.

Преземените мерки од Народната банка и доброто управување со ликвидноста од страна на банките, коишто без застој ги извршуваа сите барања за исплата на депозити ги дадоа очекуваните позитивни преносни ефекти во второто полугодие од годината. Така, дојде до постепено стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и смирување на неповолните случувања на девизниот и депозитниот пазар.

Ова од своја страна создаде услови, банкарскиот систем да ја заврши годината со раст на вкупните средства од 5%, што е за неполн процентен поен помалку во споредба со зголемувањето на активата остварено во 2015 година (5,8%).
Депозитите од нефинансиски субјекти, по остварениот пад во првата половина од 2016 година, во второто полугодие започнаа да се движат по нагорна линија и на годишна основа забележаа солиден раст (од 5,4%), иако нешто побавен во споредба со 2015 година (6,7%). Депозитите од нефинансиски друштва дадоа двојно повисок придонес во годишниот раст на депозитите во споредба со домаќинствата. Сепак, депозитите на домаќинствата ја задржаа улогата на поединечно најголем извор на финансирање на активностите на банкарскиот систем (со учество од 49,7% во вкупната пасива).  Повеќе .....

Извор: НБРМ

 

Банкарскиот сектор во РМ во 2015 година

На 31.12.2015 година, банкарскиот систем во Република Македонија го сочинуваат петнаесет банки и три штедилници. Бројот на банките е непроменет, додека бројот на штедилниците се намали за еден во однос на крајот на претходната година (Со заокружувањето на постапката за преобразба на „Штедилница Ал коса“ АД Штип во финансиско друштво, во првиот квартал од 2015 година, бројот на штедилниците се намали за еден).

Во банкарскиот систем на Република Македонија е најзастапен странскиот капитал - 75% од вкупниот акционерски капитал потекнува од странски акционери.

Во 2015 година, банкарскиот систем ја задржа својата стабилност и ја потврди отпорноста на шоковите од домашното и надворешното опкружување. Активата, кредитите и депозитите, на годишна основа, пораснаа за 5,8%, 9,7% и 6,7%, соодветно (во 2014: 8,3%, 9,9% и 10,7%, соодветно).

Ликвидноста на банкарскиот систем е на задоволително ниво. И покрај благото намалување на ликвидните средства во 2015 година, тие и понатаму учествуваат со над 30% во вкупните средства на банките и покриваат близу 60% од вкупните обврски, што е задоволително ниво и им овозможува на банките непречено работење. Банките очекуваат стабилност на депозитите во наредниот период.

Банкарската мрежа којашто е распространета низ речиси сите градови во Република Македонија се состои од 427 деловни единици. Вкупниот број на деловните единици се намали за две (се отворија пет нови единици, а се затворија седум деловни единици).

Во 2015 година, бројот на лица вработени во банкарскиот систем, којшто изнесува 5.968, се намали за 20. Квалификациската структура на вработените во банкарскиот систем, и натаму се подобрува, при што учеството на вработените со најмалку високо образование се зголеми и достигна 74,7%.

Во 2015 година растот на нефункционалните кредити видно забави (изнесува 4,7% наспроти 8,3% во 2014 година), со што придонесе за намалување на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити на крајот на 2015 година на 10,8%, со што после повеќе квартали се намали под 11%. Движењата на нефункционалните кредити произлегуваат од нефункционалните кредити на корпоративниот сектор, чиј раст исто така забави во 2015 година и изнесува 5,9% (во 2014 година: 9,9%). Нефункционалните кредити на домаќинствата се намалија во 2015 година за 0,1% (раст од 2,7% во 2014 година).

Кредитната активност на банките кон нефинансискиот сектор, на годишна основа, е поголема за 24.566 милиони денари (или, за 9,7%), што е минимално забавување во однос на растот остварен 2014 година (за 0,2 процентни поена). Забавувањето на кредитниот раст во најголем дел се согледува преку забавената кредитна поддршка на банките на нефинансиските друштва, чијашто годишна стапка на раст е речиси двојно помала од онаа на секторот „домаќинства“. Имено, во 2015 година, стапката на раст на кредитите на домаќинствата достигна 13,4% (12,1% во 2014 година) и е највисока во изминатите неколку години. Со тоа, придонесот на растот на кредитирањето кон секторот „домаќинства“, во годишниот пораст на вкупната кредитна активност на банките кон нефинансиските субјекти достигна 56,2% (48,6% во 2014 година).

Солвентноста на банкарскиот систем е висока. Стапката на адекватност на крајот на 2015 изнесува 15,5% и забележа мало намалување во споредба со 2014 година поради зголемената кредитна активност на банките (при солиден раст на сопствените средства на банките во 2015 година, од 5,8%).

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје

Контакт лице: Милена Перчинкова
Тел: (02) 3244040 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: milena@mchamber.mk
 










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права